• Latest
Фото: Гурам Мурадов / Civil.ge

Тројката на ОБСЕ – Малта, Северна Македонија и Финска го осуди насилниот одговор на грузиските власти врз граѓанските протести

December 14, 2024

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Тројката на ОБСЕ – Малта, Северна Македонија и Финска го осуди насилниот одговор на грузиските власти врз граѓанските протести

December 14, 2024 15:11
in ВЕСТИ, СВЕТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: Гурам Мурадов / Civil.ge

Фото: Гурам Мурадов / Civil.ge

Share on FacebookShare on Twitter

Тројката на ОБСЕ – Малта, Северна Македонија и Финска , во заедничка изјава силно го осуди насилниот одговор на грузиските власти на мирните протести на грузиското граѓанско општество, независните медиуми и политичарите, кои се залагаат за демократската иднина на земјата.

Тројката на ОБСЕ ги повика грузиските власти веднаш да престанат употреба на репресивни тактики и заплашување, вклучувајќи произволно притворање и физичко насилство.

Ги повикуваме грузиските власти да ги гарантираат правата на слободата на собирање и слободата на изразување на луѓето во Грузија, во согласност со меѓународните обврски на Грузија. Законите донесени во спротивност со овие заложби мора да бидат укинати, се наведува во соопштението.

Сите наводи за насилство, изборна измама и напади врз демократските вредности и принципи мора да бидат веродостојно истражени, а сите одговорни за овие злосторства мора да одговараат.

Истовремено, Тројката ги повикува грузиските власти да ги поддржуваат човековите права, демократијата и владеењето на правото во согласност со нашите заеднички принципи и заложби на ОБСЕ, како што се веќе содржани во завршниот акт на Хелсинки и Париската повелба.

Ги охрабруваме грузиските власти да ги користат различните алатки и експертиза што ОБСЕ и нејзините институции можат да ги понудат. Тројката е подготвена да ја олесни секоја размена за таа цел.

Ние стоиме со грузискиот народ додека ги изразува своите аспирации за демократска и европска иднина, како што е кодифицирана во грузискиот устав“, се вели во соопштението на Тројката на ОБСЕ.

М. Д.

Tags: Тројката на ОБСЕ - Малта; Северна Македонија и Финска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ