• Latest

Трпевска: Решението за проблемот со нарушениот јавен дискурс е во развивање на вештините за критичко размислување

August 5, 2021
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
23 dead and more tha 25 children missing in Texas flood
Photo> screenshot Sky Tv

Поплави во Тексас: 24 мртви и до 25 деца исчезнати откако летен камп беше однесен од поплавите

July 5, 2025

One Stop систем за побрз проток и помалку чекање на граѓаните на ГП Табановце-Прешево

July 5, 2025
Бебиња умираат од глад во Газа
Фотографија/ скриншот од видео на ИТВ

Лекарите во Газа предупредуваат дека бебињата се пред умирање поради недостаток на млечна формула, „Бебињата се коска и кожа“, велат тие

July 5, 2025
Протестни блокади Србија, Земун
Фотографија/ Н1

Шести ден од блокадата: Најавени се нови прекини во сообраќајот, „слободна зона“ во центарот на Земун

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Трпевска: Решението за проблемот со нарушениот јавен дискурс е во развивање на вештините за критичко размислување

August 5, 2021 11:30
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ИЗЈАВИ, МЕДИУМИ, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Г-ѓа Снежана Трпевска, доктор по комуникациски науки, во изминатите години учествувала во бројни академски и применети истражувачки проекти поврзани со слободата на изразување и медиумскиот плурализам, медиумската писменост, ставовите и однесувањето на публиката во врска со медиумските содржини, концентрацијата на медиумите и регулирањето на радиодифузијата, етиката во новинарството итн.

„Главниот фокус на моето кусо излагање ќе биде на тоа каде да го најдеме решението, кој е најдобриот пристап што можеме да го примениме за да се справиме со негативното влијание на новите технологии во нашите општества, поточно со проблемот на огромното ширење на дезинформациите“, изјави Трпевска на Регионалната конференција „Напади врз демократијата и човековите права“, одржана на 28 јули во Скопје.

Трпевска се осврна на истражувањата на нивоата на медиумска писменост во земјава, и на причините за приемчивоста на публиката за дезинформации и лажни вести.

Она што мене како истражувач најмногу ме интересира е “побарувачката“ на дезинформации, или причините поради кои публиката бара или е приемчива за дезинформации, лажни вести и сл. Во нашата земја нема многу истражувачки, студии за овие  прашања. Пред три години беше спроведена сеопфатна студија нарачана од регулаторот, на индивидуалните нивоа на медиумска писменост кај населението на возраст над 16 години. Имаше и некои други помали истражувања кои само површно се обидуваат да допрат до причините зошто и како дел од публиката се однесува кон дезинформациите. Но, во другите земји има спроведено многу истражувања и има изградено знаење што ги објаснува причините зошто публиката во голема мера ги прифача или им верува на дезинформациите.

Факт е дека социјалните медиуми и кај нас стануваат главен начин за пристап до вести и информации, особено за помладите генерации. Исто така е познато дека социјалните медиуми продолжуваат да придонесуваат кон се поголемо ширење на информациите генерирани од корисници, вклучувајќи лажни тврдења, измислени настани, дезинформации, теории на заговор, говор на омраза и така натаму. Но, да не заборавиме и дека ова богатство од информации и дигиталните информативни медиуми направи револуција и ја демократизираше политиката. Јавноста сега може детално да го следи она што го прават политичарите и да го коментира тоа веднаш преку социјалните мрежи. Значи, да не го заборавиме позитивниот аспект на тоа што ни го овозможуваат дигиталните технологии. Сепак, постојано повторуваме дека се соочуваме со проблем на огромно ширење дезинформации и дека овој феномен негативно се одразува во нашите општества, вели Трпевска.

„Значи, што е проблемот овде? Одговорот изгледа едноставен: дигиталните дезинформации се огромен проблем бидејќи за повеќето луѓе воопшто не е лесно да направат разлика меѓу веродостојните вести и дезинформациите, лажните вести или манипулативните содржини на социјалните медиуми. Значи, тоа е суштината на проблемот. Зошто луѓето не можат да препознаат што е веродостојна вест, а што дезинформација? Но, иако лесно можеме да го опишеме проблемот, решението за него не е едноставно. Кој пристап е најдобар? Дали да се применат рестриктивни или позитивни мерки? Дали да се забрани некоја содржина или да се работи на подигање на свеста кај населението? Се чини и двата пристапа имаат свои предности и недостатоци.

На пример, законските одредби што забрануваат дезинформации и лажни вести може да ги ограничат правата на поединецот и слободата на говорот, а згора на тоа, информациите преку Интернет е исклучително тешко да се регулираат бидејќи се шират како пожар на социјалните медиуми. Од друга страна, кампањите и кратките едукативни програми можат само делумно да влијаат да ја променат свесноста и вештините на населението за препознавање на дезинформациите.“

Регионална конференција „Напади врз демократијата и човековите права“, 28 јули 2021, Скопје

Како можно решение, Трпевска  го посочува комбинирањето на различните пристапи:

„Веројатно најдобро решение би било да се комбинираат двата пристапа. Да се ​​биде крајно внимателен кога се воведуваат рестриктивни мерки, но во исто време, да се спроведат темелни и долгорочни интервенции во други општествени области, како на пример, во формалниот образовен систем, саморегулацијата, зајакнување на улогата на семејството, професионализација на медиумите, влијание на граѓанскиот сектор. Мислам дека во нашите земји, она што е постигнато досега најмногу доаѓа од граѓанскиот сектор, и тоа главно преку спроведување едукации и кампањи за медиумска писменост, а многу малку се работеше на темелни реформи на формалниот образовен систем. И тоа е проблемот со кој се соочуваме сега.

Со појавата на поимот лажни вести во јавниот дискурс, а подоцна и на поимот „дезинформации“ медиумската и информациската писменост стана клучна вештина. Денес сите зборуваат за медиумска и информациска писменост како дел од решението. Медиумската и информациската писменост е основен предуслов за идентификување, селектирање, разбирање и користење на кредибилните информации при учеството во јавната дискусија.“, вели таа.

Но, Трпевска вели дека медиумската и информациската писменост не може да биде сама по себе решение за проблемот со нарушениот јавен дискурс.

„Меѓутоа, мојот аргумент овде е дека медиумската и информациската писменост не можат да бидат решение за проблемот со нарушениот јавен дискурс, доколку нејзиниот фокус не е на развивање на генеричките вештини за критичко размислување кај населението. А ова, пак, е многу сложен и бавен процес што може да се постигне само преку внимателно дизајнирана реформа на формалниот образовен процес, на сите нивоа. Во нашата земја, на пример, беа организирани голем број едукативни програми, кампањи за подигање на свеста и разни други иницијативи, а исто така има и најави дека медиумската писменост ќе биде воведена во формалниот образовен систем од септември оваа година. Но, мојата дилема е како ќе се имплементираат овие реформи, односно дали ќе се спроведат темелно врз основа на досега стекнатите научни сознанија за тоа како преку процесот на учење индивидуата може да усвои критички, или подобро кажано, научен начин на расудување, или тие ќе бидат имплементирани на начин што ќе се воведат само неколку тематски единици во рамки на неколку предмети од општествените науки.

Мислам дека најголемиот проблем со нашето образование денес е тоа што не ги учи учениците да размислуваат критички, иако постои широко распространет консензус во врска со тоа кои вештини претставуваат критичко размислување, како и темелни истражувања за тоа како тие вештини можат успешно да се стекнат низ образовниот процес. Мислам дека ова знаење не е земено предвид при дизајнирање на реформите, барем кај нас, не знам каква е ситуацијата во другите земји во регионот и не сум оптимист дека решението ќе биде видливо наскоро, токму поради таа причина.“, заклучи Трпевска.

 

Камера: Дехран Муратов

Монтажа: Ариан Мехмети

фотографија: Огнен Бошњаковски

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ