Во текот на неделата, Русија, преку голем број лојални западни експерти, го промовираше наративот дека Украина треба да седне на преговарачка маса бидејќи тоа е наводно единствената опција за завршување на војната, објави Центарот за борба против дезинформации при Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, пренесува Укринформ.
„Во интервју за Die Welt, американскиот воен стратег Едвард Лутвак ја предложи идејата за референдум во Доњецк и Луганск како единствен начин да се стави крај на војната“, се вели во соопштението.
Покрај тоа, американскиот економист Стив Ханке активно го промовираше наративот дека санкциите наводно дополнително ја зајакнале позицијата на Владимир Путин и неговите сојузници наместо да ја поткопаат.
Данскиот научник Јан Оберг даде десетици интервјуа во кои негативно ги коментираше одлуките на Шведска и Финска да влезат во НАТО, осудувајќи го ова како уште една „провокација“ упатена до Путин.
Центарот за борба против дезинформации истакна дека сите овие изјави се сведуваат на фактот дека светот и особено Украина треба „да му понудат на Путин мала победа“. Тезите за руската „моќ“ и „непобедливоста на руската армија“ се елементи на психичка операција насочена кон дополнително промовирање на идејата за мировни преговори меѓу Русија и Украина – според условите на Кремљ.
Подготви: Д.Мишев