Престолнината на Обединетото Кралство на Велика Британија, Лондон, го украси централниот дел од градот во пресрет на светиот исламски месец на постите, Рамазан. Британскиот медиум ББЦ објави фотографија од централен Лондон, украсен во знак на почит кон припадниците на исламската вера во пресрет на месецот на постите, Рамазан.
Лондон е светска метропола во која живеат луѓе од најразлични етнички и верски припадности, познат по својот пристап и промоција на мултикултурализмот во сите општествени и политички сфери.
Според пописот од 2021 година 3.575.739 луѓе или 40,6% од населението на Лондон се родени во странство, што го прави град со втора по големина имигрантска популација по Њујорк, во однос на апсолутни бројки. Околу 69% од децата родени во Лондон во 2015 година имале барем еден родител кој бил роден во странство.
Актуелен градоначалник на Лондон е Садик Кан, со британско/пакистанско потекло.
Д. Тахири