Започна централнатата свеченост по повод честувањето на Илинден во Крушево, со интонирање на македонската химна од истакнатата оперска певица, Веска Ѓиновска Илкова. Пригодна реч на почетокот на на манифестацијата одржа познатиот македонски актер Никола Ристановски, со пораки за Илинден.
Пригодна реч на почетокот на на манифестацијата одржа познатиот македонски актер Никола Ристановски, со пораки за Илинден.
Во тек е културно-уметничката програма на која настапуваат Ансамблот за македонски народни игри и песни „Танец“, Ансамблот на албански народни ора и песни, Влатко Стефановски, како и воениот оркестар на Армијата.
Во Крушево присуствува и владина делегација, предводена од премиерот Зоран Заев, придружуван од првиот вицепремиер во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Собраниска делегација исто така присуствува на централната свеченост, предводена од потпретседателот Фадил Зендели, а во состав Илија Николовски, Љупчо Балковски и Петар Ристески.
ВМРО-ДПМНЕ, како што најави нејзиниот лидер, Христијан Мицкоски, ја бојкотира манифестацијата, нерекувајќи ја како „срамна“ целата идеја на претседателот Пендаровски за начинот на одбележување на Илинден годинава во Крушево, на што вчера реагираше и Кабинетот на претседателот.