• Latest

„Циган по циган за уши“, „тепачки“, „брашно“, „зејтин“, „500 денари за еден глас“…

July 18, 2019
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

„Циган по циган за уши“, „тепачки“, „брашно“, „зејтин“, „500 денари за еден глас“…

По завршување на изборите, лидерите на политичките партии на помалите етнички зедници добиваат „трошки“ и некои лични бенефиции, и толку. Во најголем дел, нивните гласачи остануваат без ништо, и со надеж дека нешто ќе се смени, до следното гласање...

July 18, 2019 13:14
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ДЕХРАН МУРАТОВ

Гласовите на помалкубројните етнички заедници во земјава (ромските, српските, бошњачките, влашките, турските…) се многу битни за време на изборните процеси. По завршување на изборите, лидерите на политичките партии на помалите етнички зедници добиваат „трошки“ и некои лични бенефиции, и толку. Во најголем дел, нивните гласачи остануваат без ништо, и со надеж дека нешто ќе се смени, до следното гласање…

„Циган по циган за уши“, „тепачки“, „брашно“, „зејтин“, „500 денари за еден глас“… тоа се првите асоцијации што ми текнуваат кога ќе се спомнат Ромите, во однос на изборните процеси. За жал, од работата на терен, и од извештаите на ЦИВИЛ, може да се заклучи дека ромската етничка заедница се користи како (нај)евтино, а скапоцено гласачко тело. Низ македонската изборна историја, евтиниот глас на Ромите, многу пати е злоупотребен. Некои политички структури, дури и од ромскиот политички кампус, гласовите на Ромите ги даваа(т) на бронзен послужавник за ситни пари, а со тоа ја запечатуваа(т) судбината на ромската заедница која со години нема свое „јас“ и свој вистински глас во ниту една сфера од општествените промени.

Новитет во изминативе претседателски избори беше тоа што група на млади и образовани Роми, од неколку невладини организации, формираа иницијатива „Аваја“ (доаѓаме) и во текот на претседателската кампања, успеале да соберат 10.000 потписи и да добијат ветување од идниот Претседател, во случајов Стево Пендаровски, дека во неговиот кабинет ќе има советник/чка од ромска етничка припадност. Пендаровски го состави тимот, но во неговата екипа нема Ром/ка.

Дали и овојпат Ромите ќе бидат излажани?

Во последните неколку изборни циклуси, покрај поткупот на гласови, актуелни стануваа и инцидентите што се случуваат кај Ромите за време на изборната кампања. Насловите од новинарските архиви и извештаите на набљудувачите на ЦИВИЛ сведочат за ваквите состојби: „СДСМ со расипано месо поткупува гласачи во Шутка“ (2011), „ВМРО-ДПМНЕ купува ромски гласачи со зејтин и вреќи брашно“ (2013), „Шекеринска нападната од Амди Бајрам“ (2014), „Изборен поткуп на Ромите со огревно дрво“ (2016), „Амди фатен како дели пари“ – (извештај на набљудувач на ЦИВИЛ), „Се кине кај што е најтешко“ – (сведоштво на ЦИВИЛ), Гласавме „за подобар живот“, за сега да преживуваме од депонија!“, „Жителите на Баир, Битола: Политичарите на овие избори нема да нè излажат со водата!“ или „бомбата“ за екс-министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, каде што вели „Циган по циган за уши и право на гласање“…

Јавноста беше сведок кога кандидатот за градоначалник Елвис Бајрам беше претепан во Шуто Оризари, а од МВР информираа дека се идентификувани и повикани на разговор неколку лица кои учествувале во тепачката и во постапка е прибирањето докази за понатамошно постапување. Но, дали некој одговарал за кршење на изборниот процес никој не знае.

И овој случај немаше разрешница и се стави „под тепих“, како што беше нападот на Амди Бајрам врз Радмила Шекеринска на денот на изборите во 2014 година, или како што сè уште нема никаква пријава за екс-градоначалникот Елвис Бајрам, кога претепа граѓанин на пазарот во Шутка.

Шуто Оризари и останатите ромски маала во државата, досега се третирани како гето и речиси воопшто не се работи на едукација на гласачите, не им ги објаснува правата и обврските, накратко, никој не ги есапи до моментот кога треба „да се потегнат за уши“ и да се стават пред гласачките кутии. И не само ромските маала, туку и местата каде што има граѓани кои се припадници на помалкубројните етнички заедници, исто така, нема некаков интерес за нивно вклучување во општеството.

Прашањето е, зошто Ромите секогаш се користат за валкана кампања? Тоа е една од помалите групи на граѓан(к)и, но затоа редовно ги полнат извештаите на набљудувачите и насловните страници на медиумите за изборни прекршоци, поткуп и тепачки. Зошто е тоа така, кога се вели дека немаат моќ да влијаат на крајните резултати за тоа која од поголемите политички партии ќе биде на власт? Тоа, особено со оглед на фактот дека гласовите на Ромите се расцепкани и не гласаат за еден претставник, бидејќи има повеќе ромски политички партии.

Сепак, евтиниот ромски глас е скапоцен во одредени моменти. Пример, гласовите на пратениците Самка Ибраимовски и Амди Бајрам одиграа значајна улога за Преспанскиот договор. Како и гласовите на пратениците на помалите етнички задници.

Но, скапоцениот, често одлучувачки, глас на помалкубројните етнички заедници, досега евтино купен, се заборава веднаш по пребројувањето на гласовите, сѐ до наредното гласање!

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share101TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ