• Latest

Циркусијада, катастрофа, награда за оние што ја критикуваа претходната Влада, коментираат граѓаните за составот на Советот за безбедност

September 18, 2024

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

Циркусијада, катастрофа, награда за оние што ја критикуваа претходната Влада, коментираат граѓаните за составот на Советот за безбедност

September 18, 2024 12:51
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

ЦивилМедиа  вчера постави прашање на својата Фејзбук страница: Што мислите за составот на Советот за безбедност на Претседателката?, давајќи им можност на граѓанките и граѓаните да се изјаснат на оваа тема.

Конечно е познат составот на Советот за безбедност при Кабинетот на Претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Согласно своите уставни надлежности, за членови на Советот за безбедност таа ги именуваше и Малинка Ристевска Јорданова – експерт за евроинтеграции, Џевдет Хајредини – поранешен министер за финансии и Владимир Спиридонов – експерт за климатски промени.

Во коментарите и пораките што пристиганаа во редакцијата на ЦивилМедиа граѓанките и граѓаните искажаа незадоволство и се прашуваа што и кого ваквиот состав на Советот за безбедност ќе обезбедува.

Неколку коментари беа: „Кој од кого“ или „Мој до моега“ реферирајќи на изборот на членовите.

„Македонија осудена на смрт“, „Циркузијада од држава“, „Катастрофа“, беа дел од коментарите.

„Награда за оние што ја критикуваа Владата. Само тоа“, вели еден читател.

Друга, пак, се прашува: „Скриена камера да не е?“.

За дел од нив, ваквата одлука на претседателката е награда за нив, а всушност исти се и тие како и Сиљановска Давкова.

„Како и претходните и овие ќе си го тераат мандатот, ќе се офајдат и на никој ништо. Довербата е изгубена и многу тешко да даваме оценки кога знаеме на експертите им наоѓаат некоја застранета функција, а овие се секогаш каде не треба“, вели еден граѓанин.

Во еден од коментарите, пак, се вели дека на ВМРО и било битно дека тие биле плукачи на СДСМ, а претседателката си ист став како нив веднаш ги назначила.

„Демек сме очекувале нешто паметно од Гордана. Госпоѓата не знае кај се наоѓа. Има иста работа како градинарот во Вила Водно. Таа е таму цвеќињата да ги полева. Каков Совет за безбедност, какви глупости, ви се молам“, стои во еден од коментарите.

„Тој Хајредини има 86 години. Веќе незнае како се вика, а ке ја светува Гога. Која пак незнае каде се наоѓа“, коментира еден читател.

Но и имаше и позитивно мислење за експертот за климатсни промени.

„Климатски промени се многу голем проблем, со овој советник ќе се решат во нашата земја“, вели една читателка.

За крај, се постави и прашањето: „Што ќе обезбедуваат кутрите?“.

Очигледно, граѓаните не се задоволни од изборот на членовите на Советот за безбедност, но можеби и повеќе што претседател на тој Совет, според редот на нештата, е токму претседателката Сиљановска Давкова.

Б. Ј.

Tags: коментариПрашање на денотСовет за безбедностЦИВИЛМЕДИА
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ