• Latest

Цивика Мобилитас додели 1,5 милиони швајцарски франци на 27 македонски невладини организации

July 9, 2019

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Цивика Мобилитас додели 1,5 милиони швајцарски франци на 27 македонски невладини организации

Цивика Мобилитас додели 15 институционални грантови за јакнење на организациите во период од три години, додека акциски грантови добија 12 граѓански организации. Висината на грантот за институционална поддршка од швајцарската програма Цивика Мобилитас е 4,5 милиони денари за три години, додека акциските грантови се движат од еден до 1,8 милиони денари за поединечен проект...

July 9, 2019 19:34
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Комисијата за избор на грантови ги оцени апликациите на организациите кои поднесоа пријава на првиот повик за институционални грантови во новата фаза на Цивика мобилитас. Добитници на институционални грантови се 15 организации што дејствуваат во 10 различни сектори и тоа најмногу во секторот на информации, комуникации и медиуми; но и во секторите за човекови права развој на граѓанското општество, владеење на правото, антикорупција, ЛГБТИ, добро владеење, животна средина, и деца, млади и студенти.

Цивика Мобилитас додели 15 институционални грантови за јакнење на организациите во период од три години, додека акциски грантови добија 12 граѓански организации. Висината на грантот за институционална поддршка од швајцарската програма Цивика Мобилитас е 4,5 милиони денари за три години, додека акциските грантови се движат од еден до 1,8 милиони денари за поединечен проект.

„Добитник на институционален грант е и ЦИВИЛ – Центар за спобода која во наредните три години ќе работи на унапредување на човековите права и слободи преку спојот на активизмот, аналитиката и медиумската продукција како дел од нејзините проектни активнсости. ЦИВИЛ е организација со долгогодишно искуство во изборните процеси и заштитата на гласачкото право“ – кажа претставничката на Цивика Мобилитас на церемонијата.

ЦИВИЛ -Центар за слобода, добитник на институционален грант на Цивика Мобилитас/ Фотгорафија: Б. Јордановска

„Со ова доделување на сертификатите за новите грандисти, всушност, се дистрибуираат првите 1,5 милиони франци за спроведување на проектите од акциските грантови во наредните година/две и трите години на институционален грант“, изјави Александар Кржаловски, на денешното свечено доделување на грантовите што се одржа во хотел „Арка“.

„Во програмата на Цивика Мобилитас грантистите се сржта на целата програма. Вие сте главните што го менуваат општеството и што му давате облик на општеството“, изјави Н. Е. Сибил Сутер Тејада која ги додели сертификатите на грантистите.

За институционални грантови се пријавиле 144, а добитници се 15 граѓански организации, додека за акциски грантови се пријавиле 131, а добитници се 12 организации.

Текст, фотографија и монтажа: Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов

Share41TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ