Прес конференција под наслов „Отворено за сите прашања“ за изборниот мониторинг на ЦИВИЛ оваа година, постигнувањата и предизвиците од досегашната имплементација на проектот „Европски перспективи, следно ниво“ во дадените општествено политички прилики, што претставува проектот „Зелено општество за сите“, во што се состои новата фаза од иницијативата „Направи разлика: Почитувај ги различностите“?, за мониторингот на дезинформации, лажни вести и говор на омраза во изборен контекст, како и националистичките наративи и хибридните закани со кои се соочува општеството, јавниот настан на тема „Каква е улогата на граѓанските организации во општествено-политичките процеси?, и Преспа Форум Дијалог се тема на ова издание на ЦИВИЛ 7.
На прес конференцијата „Отворено за сите прашања“, претседателот на Организацијата, Џабир Дерала соопшти дека рокот за пријавување за набљудувачи на следните локални избори во земјава, се продолжува до 10 јули на полноќ.
Покрај дезинформациите и говорот на омразата, ЦИВИЛ ќе прибира и пријави за насилство, дискриминација и кршење на човековите права. Повиците за насилство, како и сајбер нападите се дел од категориите во онлајн пријавата, како и на интересот на мониторинг тимот на ЦИВИЛ.
За пријава следете го линкот на овој банер на ЦИВИЛ Медиа.
Веднаш по пресот, ЦИВИЛ одржа јавен настан на тема „Каква е улогата на граѓанските организации во општествено-политичките процеси?
Говорниците, претставници на граѓански организации на панел дискусијата зборуваа за јавната перцепцијата за граѓанските организации, каков е нивниот удел во политичките и општествените процеси, дали граѓаните ги доживуваат како „фолиранти“ или „прогресивци“, колку се транспарентни во нивната работа и низа други прашања што се однесуваат на улогата и придонесот на граѓанските организации во политички и општествен контекст.
Екипата на ЦИВИЛ на 1 јули одржа инфо штандови во Кичево и Струга. Во Струга разговаравме со претставници на граѓанското општество, со градоначалникот на општината г. Рамиз Мерко, ја посетивме депонијата и разговаравме за мултикултурата и различностите во оваа општина.
Изминатата недела, на 1 и втори јули во Охрид и Отешево се одржа Меѓународната конференција „Западен Балкан: делот што недостига за Европа да биде целосна на која учествуваа околу 300 учесници, високи домашни претставници, високи претставници на Европа и САД, меѓу кои премиери, претседатели, министри, генерални секретари на меѓународни организации, европратеници, претставници на граѓанскиот сектор. За настанот беа акредитирани над 100 домашни и странски новинари.
Конференцијата, низ различни предвидени содржини и панели ќе го обработува Западниот Балкан, гледано низ призмата на помирувањето и градењето на доверба меѓу нашите народи, на трансатлантските релации, преку економската соработка, конекциите со цивилното општество и медиумите и родовиот сензибилитет за овие важни процеси.
Конференцијата ја отвори премиерот Зоран Заев, а говорници на отворањето беа поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, медијаторот во спорот со Грција Метју Нимиц, претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерот на ДУИ Али Ахмети, помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, министерот за надворешни работи Бујар Османи, поранешната висока претставничка за надворешна политика и одбрана на ЕУ Федерика Могерини, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, поранешниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон, поранешниот специјален претставник на ЕУ Ален Ле Роа и еврокомесарот Јоханес Хан.
На двете меѓународни конференции на Преспа форумот за дијалог учествуваа претседатели на држави, на Словенија и Црна Гора, Мило Ѓукановиќ и Борут Пахор, премиери од регионот – на Албанија, Еди Рама, на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија, на Србија, Ана Брнабиќ и на Косово, Албин Курти, како и осум министри за надворешни работи – од Албанија, Австрија, Црна Гора, Хрватска, Косово, Романија, Полска, Грција, Чешка и Италија.
Помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот на САД, Филип Рикер и заменик помошник Секретар во Бирото за Европски и Евроазиски работи во Стејт департментот на САД, Метју Палмер, беа дел од Конференцијата, еврокомесарот Јоханес Хан, како и многу други имиња од европската политичка сцена.
Дијана Тахири
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети