• Latest

ЦИВИЛ: Барањето за „Крај за расипништвото“ може да започне од пратениците и нивните патни трошоци

April 28, 2021

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

ЦИВИЛ: Барањето за „Крај за расипништвото“ може да започне од пратениците и нивните патни трошоци

April 28, 2021 11:56
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Иницијативата „Крај за расипништвото“ што ЦИВИЛ ја започна во 2019 со поднесени барања до Собранието за укинување на привилегиите на функционерите сè уште е актуелна и ќе остане додека,  почнувајќи од поранешните претседатели, завршувајќи со раководителите на државните агенции и други институции, сите повластици не се укинат, односно редуцираат до ниво што е прифатливо за една земја која се декларира како социјална држава, според Уставот.Накратко барањата што ги достави ЦИВИЛ до Собранието се:

  • Драстично намалување на патните трошоци на функционерите, поточно, обезбедување средства во висина на цената за јавен превоз.
  • Укинување на апанажите на било кое ниво, за било која позиција.
  • Укинување на доживотните пензии за поранешните претседатели, до моментот кога тие исполнуваат услови за пензија, соодветно на примањата што ги имале во текот на работниот век.
  • Укинување на парични и други надоместоци за сите управни одбори, односно позицијата во тие и слични тела треба да биде почесна, а не платена.
  • Укинување или спојување на државните агенции, со намалување на бројот на вработени. Бараме укинување на сите привилегии што се поврзани со користење службени возила, репрезентации, обезбедување на функционерите и други прескапи привилегии.
  • Да се воспостави пракса на забрана за набавка на службени возила од средна и висока класа.
  • Укинување на дискреционите овластувања на функционерите.

Функционерите во законодавната и извршната власт, а секако и локалната самоуправа, мораат да се откажат од луксузните автомобили, од патните трошоци, од репрезентативните издатоци, прескапи патувања за кои имаат слаби изговори, луксузниот мебел, набавки на уметнички дела за „декорирање“ на нивниот работен простор и сите останати удопства на кои полагаат право врз основа на закони зад кои стојат сомнителни, па и криминални мотиви.

Оваа барање е уште повеќе во фокусот на јавноста, со оглед дека патните трошоци за пратениците се исплаќаат, но самите пратеници не присуствуваат на седници, со што ја опструираат работата на Собранието. Од друга страна, можноста за онлајн седници упорно се избегнува како точка на дневен ред. Во време на пандемија со Ковид-19 ваквиот начин на функционирање би ја олеснил работата на Собранието, пратениците би биле безбедни, а за патни трошоци не би имало потреба.

Непосредно по објавувањето на иницијативата во мај 2019 година, неколку политичари, меѓу кои и сегашниот претседател Стево Пендаровски, во тоа време претседателски кандидат, ја дадоа својата поддршка. Поддршката во здраавствена криза кога јавното здравје е врвен приоритет, е уште повеќе потребна, особено кога станува збор за непотребно трошење на јавни пари за привилигирани народни избраници. И не само поддршка. ЦИВИЛ бара итна постапка за корекција на законските регулативи според кои се трошат вртоглави суми пари за повластици на функционерите.

Б. Ј.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ