• Latest
Неодамнешно минато: од протестите што му претходеа на крвавиот напад на Собранието во 2017 година.

ЦИВИЛ: Да не се повторат грешките од минатото на протестот на ВМРО-ДПМНЕ, кажете „не“ за говорот на омразата

June 18, 2022

Џелал Хоџиќ, СДА Македонија: Олигархијата го помага кочењето на интеграцијата во ЕУ

August 11, 2026
Вилен Темерјанов

Четири години од апсењето на Вилен Темерјанов: Новинарството не е злосторство – руската агресија е злосторство

August 11, 2026
Ерол Ризаов (фото: ЦИВИЛ)

ЦИВИЛ ги осудува смртните закани кон Ерол Ризаов: Институциите мора да ја прекинат културата на неказнивост

August 11, 2026
Кијив, 11 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Теророт на рускиот агресор не познава граници: Кијив, Запорижја и други градови под напад, погодена и детска болница

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје се незаконски и немаат правни последици

August 10, 2026
Шумски пожар (фото извор: ЦУК)

Европа и светот во пламен: Климатска криза, човечка небрежност и разорни последици

August 10, 2026
Скриншот од видеото што го промовира премиерот Христијан Мицкоски, Фејсбук, 9 август 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026
фото извор: Алта банка

СКАНДАЛ: Алта банка тргна и кон Црна Гора, Владата прво рече „да“, па „не“

August 10, 2026

Косово и Украина се на иста страна

August 10, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Хипокризија

August 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ЦИВИЛ: Да не се повторат грешките од минатото на протестот на ВМРО-ДПМНЕ, кажете „не“ за говорот на омразата

Соопштение на ЦИВИЛ во пресрет на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

June 18, 2022 10:54
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Неодамнешно минато: од протестите што му претходеа на крвавиот напад на Собранието во 2017 година.

Неодамнешно минато: од протестите што му претходеа на крвавиот напад на Собранието во 2017 година.

Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на протест на ВМРО-ДПМНЕ закажан во 20 часот на 18 јуни, ЦИВИЛ – Центар за слобода ги повикува организаторите да покажат одговорност и почит кон законите и јавниот интерес. Да не се повторат грешките од минатото кога се тепаа новинари и се извикуваа ултра националистички пароли.

ЦИВИЛ со години бележи интензивен говор на омразата на социјалните мрежи и во дел од медиумите, кој е инспириран од постапките и изјавите на членови и функционери на политичките партии. Во пресрет на протестот, ЦИВИЛ го повикува водството на ВМРО-ДПМНЕ да го повика своето членство и учесниците во протестот да се воздржат од ширење на говорот на омразата и од повиците на насилство. Тоа е неприфатливо поведение што е спротивно на законите и на јавниот интерес.

ЦИВИЛ го повторува својот повик до јавноста и до политичките ентитети да престанат со поттикнување на говорот на омразата со кој може да се предизвика политичко насилство, на какво што бевме сведоци и во неодамнешното минато.

Надлежните институции се повикани да ја исполнат својата законска обврска да ги заштитат јавниот интерес, мирот и безбедноста и соодветно да ги санкционираат сите активности што излегуваат надвор од рамките на гарантираното право за мирен протест.

Исто така, ЦИВИЛ апелира и до граѓанките и граѓаните, да го отфрлат и да го осудат говорот на омразата на социјалните мрежи и во дел од медиумите.

ЦИВИЛ повикува: Кажете НЕ за говорот на омразата!


Следете го ЦИВИЛ

Фејсбук  |  Твитер  |  Инстаграм 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ