Во пријатниот амбиент на една од терасите на хотелот Парк Резиденс, зад градскиот стадион, ЦИВИЛ денеска, со почеток во 13 часот, ќе одржи мултимедијален настан со три презентации: Извештај од мониторингот на изборната кампања, Кампањата против лажните вести, дезинформациите и говорот на омразата, како и Иницијативата „Гласај/Voto“, веројатно најведрата, највидливата и најинтересната иницијатива видена во ова предизборие.
На прес конференцијата ќе се говори на македонски, албански и ромски јазик, а ќе се проектираат повеќе графички, видео и аудио содржини. Специјални гости на настанот се актерот Перо Арсовски и режисерката Ирена Стеријовска, а се очекува присуството и на неколку други учесници, јавни личности во Иницијативата „Гласај/Voto“.
Извештајот од мониторингот на изборната кампања што го спроведува ЦИВИЛ открива низа ексклузивни податоци и анализи, необјавени до сега.
Извештаите и анализите на ЦИВИЛ опфаќаат низа аспекти. Фокусот на овие избори е на политичкото финансирање, лажните вести и говорот на омразата, злоупотребите во различни категории од мониторингот и мерките за заштита од коронавирусот. ЦИВИЛ уште еднаш ќе ги упати пораките во пресрет на изборниот ден. На пресот ќе се говори на македонски, албански и ромски јазик.
Прес конференцијата ќе се емитува во живо на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ. Редакциите можат да достават и прашања по електронска пошта на [email protected] до 12:30 часот.
Освен за пошироката јавност, оваа прес конференција ќе биде посебно корисна за набљудувачите на ЦИВИЛ, како и за пошироката јавност. Затоа, организацијата ги повикува и сите заинтересирани, да ја следат оваа прес конференција онлајн. На настанот ќе бидат послужени пијалаци по желба на гостите, а по него, претставничките и претставниците на ЦИВИЛ ќе бидат на располагање за поединечни брифинзи, изјави за медиумите и состаноци со уредниците.
ЦИВИЛ, Тим за комуникации