• Latest

ЦИВИЛ гласно за слонот во собата, Пендаровски повика на акција против дезинформациите, Маричиќ ја претстави временската рамка на преговорите

July 21, 2022

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ЦИВИЛ гласно за слонот во собата, Пендаровски повика на акција против дезинформациите, Маричиќ ја претстави временската рамка на преговорите

July 21, 2022 16:06
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

ЦИВИЛ гласно за слонот во собата

Цивил денеска одржа панел дискусијата на тема „Слонот во собата“, посветена на дезинформациите и пропагандата. Акцентот на дискусијата е ставен на руското влијание во земјата. Во тој контекст, учесниците зборуваа за општествената перцепција и моделите на пропаганда и дезинформации, општествената подложност на пропаганда, како и за неодамнешните протести против европскиот предлог за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.

Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала во своето уводно излагање говореше за работата на ЦИВИЛ во однос на дезинформациите и пропагандата.

„Комбинацијата од сето тоа е во една деликатна, една навистина длабока, многу внимателна на тимот и соработниците на ЦИВИЛ, да ги откријат сите нијанси, да ги откријат мотивите, да ги откријат начините на функционирање, и сето тоа во една динамична медиумска активност, да го претстават пред јавноста. Тоа е едната, онаа медиумска акција која се зафаќа зад димната завеса. Меѓутоа, ние како организација никогаш не сме биле организација која се занимава само со медиумска или тинк-тенковска работа, туку секогаш сме во комуникација со граѓан(к)ите.“

Во однос на тактиките на пропагандата, Дерала ја посочи тактиката на снајперистите со која ги онеспособува своите жртви за да ја постигне целта.

„Снајперистот, никогаш кога има мета, кога сака да постигна голема летална моќ, односно, неговата работа како снајперист кој сака да постигне голем број жртви, а не само еден, ако сака да онеспособи еден сектор од боиштето, тој не ја убива својата жртва.

Тој ја ранува, на тој начин што ја онеспособува да избега од местото, на пример во колено, болката е огромна и вие не можете да се движите. И тогаш, привлекува луѓе кои иако знаат дека од другата страна има снајперист, знаат да одат да се обидат да му помогнат. Тогаш тој и другиот го погодува, и третиот, и тоа е една страотна, морбидна, крволочна тактика“, посочи Дерала.

Љубомир Костовски – Глобус, вели дека нашето општество, кое е 40 отсто функционално неписмено, е подложно на пропаганда токму поради неписменоста.

„Од 70 земји што Обединетите нации во скоро време ги испитуваа, за таа функционална неписменост, ние сме на 68 место, зад нас е Доминиканската Република и Косово. Тоа е колку се тие подредени на партиска пропаганда. Со нив е многу тешко да комуницирате, и прашање е дали тие воопшто ги примаат сите овие работи што еве денеска ние ги разговараме, ги има во одредени медиуми, и ние сме сведоци овој месец на масовна промена на сопственичката структура во оние медиуми, за кои нема да речам дека беа про-западни, меѓутоа, беа неутрални.“, вели меѓу другото Костовски.

Претседателот Стево Пендаровски за ЦИВИЛ медиа по писмена изјава повика на акција против дезинформациите.

Дехран Муратов од ЦИВИЛ порача граѓаните да излезат од партиските рамки.

„Гледаме дека одредени центри на моќ сѐ уште ги убедуваат граѓаните дека ние не почнуваме со ЕУ. Лекот е да не бидат партиски послушници, да излезат од таа рамка што ќе каже лидерот и слепо да му веруваме, навивачки, без да имаме критички тон“, вели Муратов.“

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Пендаровски за ЦИВИЛ: Потребно е да изградиме општествена, системска, медиумска, но, пред сѐ, лична отпорност кон дезинформациите

Во време на забрзан технолошки развој и дигитализација, достапноста до информации преку дигиталните платформи е сѐ поголема.

Традиционалните медиуми го губат своето влијание, а дигиталните платформи, блоговите и социјалните медиуми стануваат главниот извор на информирање.

Ваквата експанзија, покрај бројните придобивки, со себе го носи предизвикот на брзо ширење на дезинформации.

Наместо за ширење на брза, навремена и точна информација, дигиталните платформи многу често се злоупотребуваат за пласирање на дезинформации за остварување на влијание и насочување на јавното мислење во функција на одредени агенди. Ова станува закана по националната безбедност, поради потенцијалот за поткопување на демократските процеси.

Северна Македонија, како членка на НАТО и кандидат за членство во Европската Унија е мета на кампањи на дезинформации што имаат за цел да поттикнуваат анти-западно расположение кај македонските граѓани, и да заговараат нејасни алтернативи на европските интеграции. Поради нивниот потенцијал да ги поткопуваат нашите стратешки определби, дезинформациите, можат да придонесат и за дестабилизирање на самата држава.

Одговорот што како општество треба да го дадеме на ваквите појави е повеќеслоен и бара ангажман од повеќе чинители – државни институции, од медиумите, од граѓанскиот сектор, како и од системот на образование. Потребно е да изградиме општествена, системска, медиумска, но, пред сѐ, лична отпорност кон дезинформациите.

Како претседател давам поддршка на секоја иницијатива што е во функција на воведување добри практики, со цел намалување на ширењето на дезинформациите, а унапредување и развој на демократијата.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Ново бизарно тврдење на Кремљ: Русија губи затоа што Украина има експериментални мутантни трупи создадени во тајни биолаборатории

Скоро пет месеци од нејзината бесмислена војна против Украина, Русија измисли ново објаснување зошто плановите на Кремљ за брзо преземање се распаднаа толку спектакуларно – затоа што украинските војници биле претворени во натчовечки машини за  убивање за време на „тајните експерименти“ во биолабораториите управувани од Америка, секако, пишува Алисон Квин во Дејли Бист.

*

Бројот на загинати во рускиот ракетен напад врз Виница се зголеми на 26, двајца загинати и 19 повредени во гранатирање на Харкив

Бројот на загинати во рускиот ракетен напад врз центарот на градот Виница се зголеми на 26. објави Серхиј Борзов, шеф на регионалната воена управа на Виница, на Телеграм, пренесува Укринформ.

*

Претставниците на Украина ниту еден ден не престанаа да работат за да добијат ефикасен систем за противвоздушна одбрана, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно видео обраќање.

Сигурен сум дека сте виделе колку е ефективно оружјето што ни го обезбедуваат партнерите, особено модерните ракетни фрлачи. Името HIMARS стана речиси толку родно кај нашиот народ – како и Javelin или NLAW, како „Стугна“ или „Нептун“, рече Зеленски.

ФЛЕШ ВЕСТИ

РАМКА Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, на денешната прес конференција ја презентираше временската рамка за стартот и завршувањето на процесот на скрининг со Европската Унија, при што нагласи дека  преговорите се започнати онака како што беше ветено, со заштитен македонски јазик и идентитет, и сето тоа е направено пред се заради нас, за нашите граѓани и за нашите деца да живеат подобро и да живеат како сите останати европски народи.

МВР Две лица се приведени во случајот со запаленото возило на пратеникот Петар Ристески, кое во пожар целосно изгоре вчера во раните утрински часови. Едното лице е од прилепското село Ново Лагово на возраст од 41 година, а другото лице е од Прилеп на возраст од 31 година.

ПРАВДА Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека денеска поднело обвинение против три лица за убиство на ракометарот Денис Тот.

– По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против три лица за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението на ОЈО – Скопје.

„ЖАН МИТРЕВ“ Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), Хелсиншкиот комитет за човекови права и Македонското здружение на млади правници преку соопштение до медиумите го повикаа Јавното обвинителство сериозно да му пристапи на случајот со Клиничката болница „Жан Митрев“ и особено да посвети внимание на постапувањето на државните институции при контролата на јавните и приватните здравствени установи.

СЛОБОДНА ЗОНА

„При слетувањето на бриселскиот аеродром, се соочивме со она што не очекува откако успешно ќе го завршиме скринингот и ќе станеме полноправна членка на ЕУ, а владее голем оптимизам дека тоа ќе се случи за релативно брзо време, односно, според зборовите на премиерот и владините претставници, ќе бидем ставени на „fast track“ за што побрзо успешно завршување на преговорите. Пред сè благодарение на македонската амбасада во Брисел, во Белгија влеговме како вистински граѓани на ЕУ, без проверка на пасоши, без чекање во ред за контролни и царински формалности. Од авион право во хотел. Милина.“, пишува Драган Мишев во колумната „ Сите патишта водат во Брисел“.

Д.Т.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    177 shares
    Share 71 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ