• Latest

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на човековата солидарност: Политичките актери имаат обврска да произведуваат решенија, а не кризи!

December 20, 2023

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026

Скопје добива нов план за воздухот до 2031 година – клучно прашање е кој ќе го спроведува

November 11, 2026

Аферата „Алта банка“: Дали Мацура ќе проговори за газдите на парите и кој ја отвори вратата во Скопје?

November 11, 2026
Албин Курти (фото извор: ФБ страница на Албин Курти)

Курти бара промена на српската политика кон Косово по изборната победа на студентите

November 11, 2026
Абу Даби преговори за Украина, 10 ноември 2026 (CBS News screenshot)

Преговорите за Украина во Абу Даби: Главните прашања и изгледите за договор

November 11, 2026
Фото: веб страна на НАТО

Дронови над Балтикот: Латвија и Литванија активираа воздушна одбрана, НАТО активираше борбени авиони

November 11, 2026
Фридрих Мерц, 31 декември 2025 (скриншот од видеото објавено на официјалната веб страница на Канцеларот)

Мерц бара сите членки на ЕУ да учествуваат во финансирањето на Украина

November 10, 2026
Фотографија: Министерство за здравство

КОП31: Климатските промени се закана за здравјето, Северна Македонија се соочува со зголемен ризик од заразни болести

November 10, 2026
Фото: ВИ

Правосудниот испит на албански јазик ја тресе Владата – мириса ли на предвремени избори?

November 10, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Преговори во Абу Даби – Трамп зборува за „конечен крај“ на војната во Украина, Европа бара да биде дел од процесот

November 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на човековата солидарност: Политичките актери имаат обврска да произведуваат решенија, а не кризи!

December 20, 2023 16:27
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ОПШТЕСТВО, СВЕТ, СООПШТЕНИЈА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународниот ден на човековата солидарност, 20 декември, е ден се одбележува единството во различноста, да се подигне јавната свест за важноста на солидарноста, да се поттикне дебата за начините на промовирање на солидарноста и постигнување на Целите за одржлив развој, потсетник на владите да ги почитуваат своите обврски кон меѓународните договори. Ден на солидарноста е и ден на човековите права и на напорите за искоренување на сиромаштијата, гладот, болестите, како и на заштитата на планетата и обезбедување на достоинствен живот за сите.

ЦИВИЛ – Центар за слобода како организација за човекови права, формирана во 1999 година, ја вгради солидарноста како една од своите основни вредности, заедно со почитувањето на различностите и борбата за демократија, правда, еднаквоста и слобода.

Организацијата, во континуитет спроведува активности и проекти во земјата и регионот, и се приклучува кон меѓународни иницијативи во кои се вградени овие вредности и определби. ЦИВИЛ апелира дека ова е време кога целото човештво треба да се сплоти во одбрана на цивилизациските вредности, мирот и слободата, наспроти кршењето на човековите права и слободи, воените агресии и злосторствата против човештвото.

Мирот, демократијата и развојот се загрозени во целиот свет, во прв ред, поради руската брутална воена агресија против Украина во која главни цели се цивилите и цивилната инфраструктура, со депортација на речиси 20.000 деца, срамнување цели градови со земјата, ужас кој трае речиси две години. Пред повеќе од два месеци, изби нов ужасен воен пожар, по грозоморниот терористички напад на Хамас со 1.200 жртви во Израел, по што уследија воените дејствија на израелската армија во Појасот Газа во кои гинат огромен број цивили.

Овие и други конфликти и кризни состојби во светот го прикажуваат ужасот и деградирањето на сѐ што подразбира човечност.

Солидарноста не подразбира само финансиска и материјална помош, туку таа подразбира и колективна свест дека борбата за фундаменталните човекови права и слободи е обврска на сите заедно и на секого поединечно.

Солидарноста е морален императив против неправдите што ги доживува украинскиот народ веќе две години, како и секој човечки живот изгубен во Израел, Појасот Газа или било која точка на светот, каде што загубата на човечки животи се мери во секунди.

Иако солидарноста е индивидуален порив, во човековата историја токму колективната солидарност спасувала цели цивилизации.

Затоа:

ЦИВИЛ повикува на  обединување на мислата и делата на секој човек во борбата против насилствата и војните, како во Украина и Газа, така и во сите останати жаришта во светот. Човековата солидарност е најмоќното оружје во услови на војна!

ЦИВИЛ ги повикува меѓународните институции да ги надминат своите разлики и да се солидаризираат, да се обединат во заедничка акција каде меѓународните конвенции, договори и право ќе се почитуваат во целост во одбрана човековите права и слободи

ЦИВИЛ ги повикува и македонските институции, граѓанското општество и медиумите, да бидат дел од солидарноста во светот, во заедничката борба против насилствата, војната и последиците што тие ги носат со себе, со конкретни мерки и проекти.

Според ЦИВИЛ, мора веднаш да се преземат итни мерки да се престане со поделбите, омразата, кршењето на човековите права и слободи, уништувањето на животната средина и деградацијата на општеството во целина.

ЦИВИЛ порачува:

Политичките актери имаат обврска да произведуваат решенија, а не кризи!

Патот до излезот од кризните состојби води преку дијалог, меѓусебно почитување и солидарност.

ЦИВИЛ


Денеска е Меѓународен ден на човековата солидарност: Што е тоа?

 

Tags: војниМеѓународен ден на човековата солидарностсолидарностЦивилчовекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ