• Latest

ЦИВИЛ најавува нова меѓународна конференција на тема „Украина и светот: Отпор против агресијата, победа над авторитаризмот“

February 27, 2025

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

ЦИВИЛ најавува нова меѓународна конференција на тема „Украина и светот: Отпор против агресијата, победа над авторитаризмот“

Меѓународна онлајн конференција | 4 март 2025 | 14 часот

February 27, 2025 16:22
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ДЕЗИНФО, ДЕМОКРАТИЈА, ПОЛИТИКА, СООПШТЕНИЈА, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

По три години отпор на Украина против руската агресија, глобалната борба за демократија, правда, и вистина – никогаш не била поважна и поитна. На 4 март, еминентни меѓународни експерти, креатори на политики, новинари и претставници на граѓанското општество ќе се сретнат на онлајн конференција на тема „Украина и светот: Отпор против агресијата, победа над авторитаризмот“.

Линк до настан на Фејсбук

Конференцијата е во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода (Северна Македонија), Медиа Дијалог и Младите за медиумите (Германија), Нов европски граѓански форум (меѓународна организација), кои се организации основачи на глобалната иницијатива #DefendingDemocracy.

Конференцијата ќе се занимава со клучните прашања за иднината на Украина и поширокиот глобален одговор на војните на агресија и заканите од авторитаризмот, дезинформациите и хибридното војување. Дискусиите ќе ги истакнат позициите на Украина за неопходноста од праведен мир, што подразбира и барање за целосно ослободување на сите окупирани територии од 2014 година, како и непоколебливата поддршка од меѓународната заедница што ѝ е потребна на земјата за победа и долгорочна безбедност.

Главни точки на агендата на конференцијата:

🔹 Панел 1: Меѓу капитулацијата и одржливиот мир: Опасноста од додворувањето 
🔹 Панел 2: Победа над Путин и авторитаризмот: Потрагата по мир, правда и демократија
🔹 Панел 3: Дезинформациите како оружје: Борба против дезинформациите и хибридното војување

Конференцијата ќе вклучи водечки имиња во меѓународната политика, медиуми и граѓанско општество, кои ќе ги споделат своите анализи и сознанија за геополитичките, безбедносните и информациските предизвици на нашето време. Говорниците посебно ќе се осврнат на опасностите од политиките на додворување, потребата од разбивање на путинизмот како глобална авторитарна сила, и стратегиите за борба против руските дезинформации.

🔴 Настанот ќе се емитува во живо. Работниот јазик на настанот ќе биде англиски.

Линк до настан на Фејсбук

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ