• Latest
Зоран Заев, Бојко Борисов/ Фото МИА

ЦИВИЛ: Неприфатлив однос на Бугарија кон Северна Македонија

October 10, 2019

Руската воена економија: Санкции, структурни пукнатини и цената на агресијата

November 1, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Револуционерен модел

November 1, 2026

Подготвеноста спасува животи: Практичен водич за кризни ситуации

November 1, 2026

Кочани, корупција и бесмисленост: Начин на живот на територија што посакува да биде држава

November 1, 2026

Аферата Алта банка: Парите, политиката и мрежата на моќ од Белград до Скопје и пошироко

October 31, 2026

Кога ќе се совпаднат изборите во Брвеница и цената на студентскиот оброк

October 31, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЦИВИЛ: Неприфатлив однос на Бугарија кон Северна Македонија

October 10, 2019 14:20
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ПОЛИТИКА
Зоран Заев, Бојко Борисов/ Фото МИА

Зоран Заев, Бојко Борисов/ Фото МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Новите услови кои Бугарија и ги постави на Северна Македонија, на само пет дена пред почетокот на Самитот на ЕУ се крајно тенденциозни и претставуваат закана за земјата пред добивањето датум за преговори. Иако Бугарија се повикува на Договорот за добрососедство, чие исполнување е еден од условите за влез на Македонија во Европската Унија, со ваквите постапки ја доведува во прашање подготвеноста за соработка меѓу двете земји.

Неприфатливо е земја како Бугарија, која во Договорот се обврзува да работи на европската и евроатлантската интеграција насочена кон успешна подготовка на Република Северна Македонија за нејзино пристапување кон Европската Унија и НАТО, но и да работи на зајакнување на разбирањето, мирот и стабилноста во регионот, да поставува заканувачки ултиматуми, од позиција на земја членка на Унијата.

ЦИВИЛ потсетува дека во член 11 од Договорот за добрососедство и соработка, двете земји се обврзуваат дека нема да преземаат, поттикнуваат и поддржуваат дејствија насочени против другата земја, кои имаат непријателски карактер. Исто така, потсетува ЦИВИЛ, според истиот член, секоја од договорените страни има право да ги заштитува правата и интересите на своите државјани, на територијата на другата Договорна страна, што значи дека Бугарија е свесна за постоењето на македонското малцинство на нејзината територија. Оттука, инсистирањето за бришење на македонското малцинство во Бугарија, како и непризнавањето на македонскиот јазик, значи непридржување и непочитување на Договорот од страна на Бугарија. Истиот договор, чие исполнување е еден од условите кои Бугарија ѝ ги постави на Македонија.

Факт е дека отворените прашања мора да се расчистат во име на добрососедските односи и стабилноста во регионот. Но со задирањето на Бугарија во македонскиот јазик, историја и идентитет, како услов за влез во Европската Унија, не оставаат простор за компромис.

Решавањето на овие прашања е можно единствено преку дијалог и соочување, како со минатото, така и со сегашноста, а не со поставување на заканувачки ултиматуми, кои не одат во прилог на ниту една од двете земји.

ЦИВИЛ го осудува ваквото однесување на Бугарија, кое не е одлика на земја членка на ЕУ, и на земја која претендира да поддржува позитивен развој на добрососедските односи, а истовремено да ги минира.

ЦИВИЛ ја повикува Владата на Република Северна Македонија, како и сите останати политички и општествени чинители, на оваа нова пречка во интеграциите, да ѝ пристапат рационално, аргументирано, и во најбрз можен рок да ја известат јавноста за следните чекори по ова прашање.

ЦИВИЛ тим за комуникации

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ