Повеќе граѓанки и граѓани се обратија до ЦИВИЛ со информации дека на нивните адреси има „непоканети гости“ на нивните адреси или, како што во организацијата се нарекуваат, фантоми во Избирачкиот список. До ЦИВИЛ дојдоа и пријави за починати лица што фигурираат на Избирачкиот список.
ЦИВИЛ ги повика граѓанките и граѓаните да пријавуваат да ја искористат можноста за увид во Избирачкиот список и да ги пријават неправилностите во ДИК, но и на ЦИВИЛ, со цел да се спроведе јавна контрола на процесот. Пријавувањето во ЦИВИЛ е едноставно, со порака на електронската адреса на ЦИВИЛ: [email protected], со назнака: Избирачки список. Во пораката треба да се наведат имињата на реално постоечките лица, адресата, а потоа податоци за лицата што не живеат на таа адреса. На располагање е и тел. број: 02 / 520 91 76, од 9 до 17 часот, секој работен ден. Воедно,
Приватните податоци на луѓето што поднесуваат пријави, ќе бидат заштитени.