Голем дел од екипата на ЦИВИЛ ќе помине три дена во Велес, каде што ќе одржи повеќе активности на терен, како и семинари за планирање и обука. Ова е уште еден во бескрајната низа работни викенди на оваа екипа активисти од граѓанското општество.
На семинарите на ЦИВИЛ ќе се подготват детални планови за новиот проект „Граѓански објектив: Транспарентност и одговорност во политичките процеси“, а тимот за медиумска продукција ќе спроведе анкети со граѓанките и граѓаните на улиците на Велес и ќе направи интервјуа со претставниците на власта, опозицијата и граѓанското општество на локално нив.
Организацијата ќе одржи и состаноци со претставници на граѓанските организации со цел да се зацврсти постојната соработка или да се воспостават нови партнерства.
Проектот „Граѓански објектив: Транспарентност и одговорност во политичките процеси“ е финансиран од National Endowment for Democracy.
ЦИВИЛ Тим за комуникации