ЦИВИЛ со свој инфо-штанд ќе учествува на Денот на граѓанските организации кој го организира Цивика мобилитас утре во паркот Ибни Пајко и на плоштадот Скендербег.
На инфо-штандот ќе имате можност да се запознаете со активните проекти на организацијата, начинот на којшто можете да се вклучите во активностите и, секако, да ја дадете својата поддршка.
На настанот учествуваат над 80 граѓански организации, а програмата вклучува младинско, креативно и едукативно катче, обуки и предавања за сите возрасти и информативни штандови на кои граѓанките и граѓаните ќе имаат можност одблиску да се запознаат со граѓанските огранизации, да поразговараат со нив и да се вклучат во нивните активности.
„Придонесот на граѓанските организации во општеството и заедницата е огромен и „Денот на граѓанските организации“ е одлична можност за граѓаните да се информираат, предложуваат и да се вклучат во иницијативите кои ги предводат здруженијата“, велат од Цивика мобилитас.