• Latest

ЦИВИЛ со иницијативата „Обединети во различноста” најавува богатство од медиумски содржини, утре интервју со познатиот уметник и дизајнер Зоран Кардула

October 28, 2020

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

ЦИВИЛ со иницијативата „Обединети во различноста” најавува богатство од медиумски содржини, утре интервју со познатиот уметник и дизајнер Зоран Кардула

October 28, 2020 13:28
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, МУЛТИКУЛТУРА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ со иницијативата „Обединети во различноста” најавува богатство од медиумски содржини. За утре, 29 октомври, ЦИВИЛ најавува интервју со познатиот ликовен уметник и дизајнер, Зоран Кардула. Неговиот специфичен ликовен израз претставува вистинско богатство кое овој уметник, интелектуалец и активист ѝ го подарува на јавноста преку своите визуелни пораки. За неговите мисли и ставови говорат неговите зборови, а уште повеќе неговите уметнички и дизајнерски дела што ги креира како драгоцен придонес кон оваа Иницијатива.

Иницијативата „Обединети во различноста“ се спроведува во соработка со Министерството за надворешни и европски прашања на Луксембург започна на 15 октомври. Во наредните недели, медиумската платформа на ЦИВИЛ ќе објави голем број содржини за деконструкција на националистичките наративи и надминување на национализмот и етничката омраза во нашето општество..

Тимовите на ЦИВИЛ веќе започнаа со снимање на пораките од јавните личности кои ѝ се придружија на оваа Иницијатива. Гласот на граѓанките и граѓаните, креаторите на јавното мислење, јавните личности и граѓанското општество ќе бидат слушнати преку низа статии, изјави и интервјуа во пишана и видео форма.

Македонското општество е мултикултурно, мултиконфесионално и мултиетничко. Овој факт на реалноста ги претставува и убавината и големите потенцијали на земјата. И со овој проект, ЦИВИЛ испраќа силна порака против национализмот и ги повикува граѓанките и граѓаните да продолжат со поддршката на иднината на Северна Македонија во ЕУ.

Пораката е да бидеме ,,Обединети во различноста”. Да работиме за мир и просперитет и истовремено да го осознаеме богатството што произлегува од нашите различни култури, традиции и јазици.

Како и секогаш, ЦИВИЛ останува отворен за сите што сакаат да придонесат кон иницијативата со прашања, коментари, статии, фотографии и видеа во контекст на различностите.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ