• Latest
(Архива на ЦИВИЛ) Од конференцијата „Зелените доаѓаат“ одржана на 25 октомври 2019 година.

ЦИВИЛ со конференција „Зелените доаѓаат“

October 14, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЦИВИЛ со конференција „Зелените доаѓаат“

October 14, 2020 14:49
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
(Архива на ЦИВИЛ) Од конференцијата „Зелените доаѓаат“ одржана на 25 октомври 2019 година.

(Архива на ЦИВИЛ) Од конференцијата „Зелените доаѓаат“ одржана на 25 октомври 2019 година.

Share on FacebookShare on Twitter

Конференцијата „Зелените доаѓаат 2020“ во организација на ЗЕЛЕН ЦИВИЛ (организациска единица на ЦИВИЛ) во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел, ќе се одржи во среда, на 21 октомври во хотел „Порта“ (Аеродром) со почеток во 12 часот.

Конференцијата има цел да ги промовира зелените вредности кои ги вклучуваат социјалната правда и антинационализмот како неделиви области на дејствување и креирање политики и практики.

Учеството на конференцијата е возможно единствено преку најава, со оглед на просторните ограничувања, соодветно на мерките за заштита од коронавирусот. Следење на конференцијата во живо ќе биде обезбедено преку видео линк на Фејсбук страницата ЗЕЛЕН ЦИВИЛ.

Оваа година, ЦИВИЛ на конференцијата поканува претставнички и претставници од релевантните владини ресори, сите градоначалници и претседатели на општинските совети, како и претставници на релевантните граѓански организации и иницијативи, политички партии, институции на национално и локално ниво, медиуми и сите заинтересирани граѓанки и граѓани.

На почетокот на конференцијата, тимот на ЦИВИЛ ќе направи презентација на проектот и постигнувањата во изминатиот период, како и на иницијативата за формирање на нова граѓанска платформа – „Зелените“.

Конференцијата ги опфаќа темите во областа на зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот, со посебен осврт на меѓусебната поврзаност и неделивост на овие области.

На конференцијата ќе бидат презентирани и сите печатени материјали и изданија на ЦИВИЛ во изминатиот период, поврзани со проектите што се спроведуваат во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел.

„Суштински важно е да се разбере дека кога зборуваме за зелените вредности, тоа не подразбира само заштита на животната средина, туку и заштита на човековите права и слободи, социјална и еколошка правда, економска и еколошка благосостојба, еднаквост и антидискриминација. Зелените доаѓаат насекаде во светот. Северна Македонија мора да се приклучи кон прогресивните трендови и процеси“ – е повеќе пати промовираниот став на ЦИВИЛ.

Организацијата, во својата структура обединува повеќе организациски единици, меѓу кои и Зелен ЦИВИЛ, формирана во 2009 година. ЦИВИЛ постои од 1999 година. Во својот статут и програма, организацијата ги вградува Универзалната декларација за човековите права, европските и зелените вредности и ги практикува во сите свои активности и проекти.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ