ЦИВИЛ организира мултимедијален настан и панел дискусија на отворено на тема „Граѓаните за државата или државата за граѓаните?!“ во вторник, 25 јуни, во Мобилната галерија на ЦСУ, Градски Парк, со почеток во 20 часот.
Видео прилози и презентации за (не)транспарентноста и (не)одговорноста во политичките процеси, владеењето на правото, човековите права, медиумите и граѓанското учество, ќе бидат презентирани од од 19 до 20 часот, а панелот ќе започне во 21 часот.
Говрнички на панелот што зборуваат токму за граѓанското учество и неговот влијание на транспарентни и одговорни политики и владењето на правото, состојбата на човековите права и слободи, слободата на изразување и медумските слободи, ќе бидат проф. Мирјана Најчевска, проф. Јасна Бачовска и активистката Мерита Максути од Еко Герила.
Мултимедијалниот настан е дел од проектните активности на ЦИВИЛ во промоција на граѓанското новинарство како влијателен сегмент во општествените промени.
Настан е дел од проектот Граѓански објектив, финансиран од National Endowment for Democracy.
ЦИВИЛ – Тим за комуникации