ЦИВИЛ најостро го осудува експлицитниот говор на омраза и закани по животот на колумнистот Бранко Тричковски.
Новинарот и колумнист на Фронтлајн, Бранко Тричковски, доби смртни закани на Фејсбук од извесен Дарко Мекиќ, кој, како што пишува, нуди 10.000 евра на тој што ќе го убие Тричковски.
За текст објавен од Тричковски на неговиот Фејсбук профил, заканувачот остави коментар:
„10 илјади евра за оној кој ќе ти стави метак у глава нудам“.
ЦИВИЛ ги повикува надлежните институции веднаш да реагираат соодветно на законот.
Воедно, организацијата ја користи можноста да ги повика граѓанките и граѓаните остро да го осудат и да го отфрлат говорот на омраза и заканите по живот кои редовно се појавуваат на социјалните мрежи, а неретко и во медиумите.