Во постизборниот период, ЦИВИЛ објави серија извештаи и анализи за спроведувањето на изборниот процес. Во претстојниот период, Организацијата го финализира објавувањето на извештаите и анализите од мониторингот, по што ќе бидат подготвени и објавени препораки за идните чекори што треба да се преземат на повеќе правно-политички, институционални и општествени нивоа.
Во претстојните денови, ЦИВИЛ ќе објави неколку делови од опсежната анализа под наслов „Наместо со фокус на понудата за граѓаните – медиумите со рефлексија на кампањите доминирани од црна пропаганда, дезинформации, клевети, навреди и омраза“ која ја подготви медиумскиот експерт Петрит Сарачини, инаку активист и член на Собранието на ЦИВИЛ.
Анализата е подготвена на педесетина страници, со конкретни примери и анализи за ефектите од кампањата, методите на пласирање на пораките, мрежите за оркестрирано ширење партиска пропаганда, дезинформации и омраза и низа други аспекти. На крајот од анализата се поместени заклучоци и препораки кои ќе бидат дел од пакетот препораки кои ЦИВИЛ ќе ги претстави пред јавноста и на институциите кон средината на септември.