„Што за тебе значат човековите права?“ – прашува ЦИВИЛ на својата Фејсбук страница денеска, по повод Меѓународниот ден на човековите права.
ЦИВИЛ ги повика сите заинтересирани да испратат свој коментар, порака, фотографија или видео (може и селфи видео со порака) на тема човекови права.
Со соопштение, ЦИВИЛ денеска повика на бескомпромисна акција во одбрана на човековите права и слободи. Организацијата им го честита 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права на сите граѓанки и граѓани на Северна Македонија и на светот и порачува: Борбата за човековите права и слободи продолжува!
ЦИВИЛ повикува на бескомпромисна акција во одбрана на човековите права и слободи