ЦИВИЛ во рамките на проектот „Чекор напред кон мултикултурно општество“, утре, 7 јуни, со почеток во 11: 30 часот ќе оствари средба со граѓанките и граѓаните, медиумите и граѓанските здруженија на плоштад Куманово
Тимот на ЦИВИЛ ќе оствари средба и со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, со кого ќе разговара за заложбите на организацијата, но и на Општината за еднаквоста, почитување на различностите, недискриминација и мултикултурализам.
Проектот „Чекор напред кон мултикултурно општество“ ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург. И преку овој проект, ЦИВИЛ продолжува со своите заложби и придонес кон почитувањето на различностите, недискриминацијата и еднаквоста во нашето општество, што е определба на организацијата од самото формирање во 1999 година до денес.
„Чекор напред кон мултикултурно општество“ опфаќа една важна област на дејствување на нашата организација. Како и во претходниот период 2020-2021, со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург, така и оваа година, ЦИВИЛ ќе го следи, но и ќе даде свој придонес кон спроведувањето на стратегијата „Едно општество за сите“.
Оваа година се подготвува и Стратегијата „Едно општество за сите 2023-2025“, во чие креирање се надеваме дека ќе имаме можност да учествуваме и ние како организација.