Денеска напладне го вклучивме Џабир Дерала во прилогот ЦИВИЛ ВО ЖИВО кој оди на ФБ страницата на ЦИВИЛ од петокот, 7 мај. Денеска стана збор за злоупотребата на парите на граѓан(к)ите за црна пропаганда, што ја прават одредени антидемократски политички структури во земјата.
Дерала со тоа ја најави и својата колумна „Со наши пари по наша глава“.
Прилогот на Фејсбук траеше подолго и во него колегата Џабир направи преглед на агендата и темите со кои ќе се занимава организацијата во наредните три недели. Агендата е вистински ролеркостер од активности. Како и досега, во нашиот дневник ја објавуваме скратената Јутуб верзија на прилогот.