• Latest

ЦИВИЛ забрзано се подготвува за семинарот „Транспарентност и одговорност во политичките процеси“

August 9, 2019

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА

ЦИВИЛ забрзано се подготвува за семинарот „Транспарентност и одговорност во политичките процеси“

Семинарот ќе се одржи на 14 и 15 август, во хотел „Романтик“, на брегот на Велешко Езеро. Бројот на учесници за отворените сесии е ограничен, па затоа, од организацијата повикуваат заинтересираните да го најават своето присуство, а го задржува правото на селекција на учесниците на настанот

August 9, 2019 08:12
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со извонредно интересна агенда, како за пошироката јавност, така и за членовите на тимот на организацијата, во седиштето на ЦИВИЛ забрзано се прават последните подготовки на Семинарот за стратешко планирање, едукација и градење партнерства: „Транспарентност и одговорност во политичките процеси“. Агендата е комплексна и предвидува динамични работилници за членовите на проектните тимови на ЦИВИЛ и соработничката екипа од различни градови низ земјата, како и сесии отворени за јавноста.

Семинарот ќе се одржи на 14 и 15 август, во хотел „Романтик“, на брегот на Велешко Езеро. Бројот на учесници за отворените сесии е ограничен, па затоа, од организацијата повикуваат заинтересираните да го најават своето присуство, а го задржува правото на селекција на учесниците на настанот.

Специјални гости на семинарот се првата антикорупционерка, Билјана Ивановска, експертот за финансии, до скоро советник на екс-министерот Тевдовски, активистот за човекови права, Бранимир Јовановиќ, како и градоначалникот на Велес, Аце Коцевски. Тие ќе говорат во сесии што се отворени за јавноста.

Излагањата на специјалните гости на семинарот ќе бидат добра основа за понатамошни активности на граѓанските организации и градење меѓусекторски партнерства за постигнување на повисока транспарентност и одговорност во политичките процеси на локално и национално ниво.

Еден од приоритетите на ЦИВИЛ секако е борбата против корупцијата, а учеството на Претседателката на ДКСК, Ивановска, ќе биде искористено како своевиден водич за понатамошни акции на организацијата, но и на потенцијалните партнерски организации и граѓански иницијативи во оваа област. Драгоцен ќе биде и придонесот на Бранимир Јовановиќ кој ќе говори за главната тема и односот меѓу ветеното и исполнетото во изминатиот период.

Јовановиќ, во јавноста попознат како активист за човекови права и социјална правда, инаку реномиран експерт за финансии и доскорешен висок владин службеник и Претседателката на ДКСК, Ивановска, која своето претходно професионално искуство и експертиза ги градеше во Државниот завод за ревизија, ќе фрлат светлина на најчувствителните сектори на функционирањето на системот. На овие теми и прашања логично се надоврзуваат искуствата од локалната самоуправа, за што ЦИВИЛ го покани да говори градоначалникот на Велес, Коцевски.

Меѓу говорниците на сесиите отворени за јавноста ќе биде и Џабир Дерала, Претседател на ЦИВИЛ кој, заедно со членовите на проектните тимови на организацијата ќе одржи презентации со примери за злоупотреби на јавни ресурси и коруптивно однесување на политичките партии и нивните функционери, како и презентација на проектот „Граѓански објектив: Транспарентност и одговорност во политичките процеси“. На затворените сесии на организацијата ќе се одржат работилници за стратешко планирање и едукација за различни области на работењето на организацијата во овие чувствителни области.

Претходно објавивме дека ЦИВИЛ нуди ексклузивна можност за ограничен број посетители да присуствуваат на презентации и излагања на извонредно жешки и актуелни теми. Поканата за аплицирање и агендата на отворените сесии е достапна онлајн, а за оние што нема да успеат да аплицираат или ќе бидат одбиени поради просторните ограничувања, ќе имаат можност да проследат медиумски содржини на ЦИВИЛ Медиа во кои ќе бидат објавени пораките и информациите што говорниците ќе ги споделат на семинарот.

ЦИВИЛ Тим за комуникации


Формулар за пријава

Покана за аплицирање и агенда на отворените сесии на семинарот

Дополнителни информации побарајте на: civil@civil.org.mk или 02/5209 176 (секој работен ден, 9-17 ч.)

 

Share18TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ