Во тек е панел дискусијата од серијалот настани „Зад димната завеса“. Водители на настанот се Зоран Иванов и Џабир Дерала, а учесници се дел од екипата на ЦИВИЛ.
Панел дискусијата е дел од проектот „Зад димната завеса“ со кој ЦИВИЛ спроведува медиумска и граѓанска акција против дезинформациите и пропагандата. Проектот се фокусира на странската, антизападна пропаганда преку мониторинг, анализи и обелоденување на дезинформациите и пропагандата за критични теми, како што е агресијата врз Украина, евроатлантските интеграции и други процеси од круцијално значење за нашата земја.