Ване Цветанов на панел дискусијата „Жртви на режимот“ во органзиација на ЦИВИЛ, упатува прашање до Христијан Мицковски: Зошто се прават списоци за линч и што ќе се преземе доколку излезат докази во јавноста.
„Во последните неколу години се заборавија жртвите на режимот и мора да се смени нешто освен правење на дебати. Мора да видиме реформи во судството и во полицијата, ние не видовме ниту еден притворен полицаец кој во минатото ги пречекоруваа своите овластвувања.
Во Шутка има околу 250 затвореници, но во еден период имало и по 500 притворени, ставани таму само да се пресметаат со неистомислениците. Имаше во притвор и човек со скршен врат.
Во 2008/2009 година ми понудија да бидам на местото на Коста Крпач, и да организирам вадење на кеш од 1 милион евра. Во 2011 година ми стигна кривична пријава, кулминираше ситуацијата во 2013 година, и мене ми беа лути бидејќи јас го знаев системот како функционира и не сакав да перам пари.
НА Мартин Протугер му се тресеа нозете кога ќе ме видеше на медиум и имаше голем гнев кон мене. Во 2016 бев осуден.
Сега го нема тоа, но не е целосно завршено и има потреба од уште реформи во судсвото.
Ние кои бевме жртви на режимот бараме правда – не бараме милост“, беше дел од излагањето на Цветанов.
Ване Цветанов е основач на граѓанското здружение Зелена лупа, инаку поранешен директор на Агенцијата за спречување на перење пари, во времето на Груевски беше затворен затоа што не сакал да пере пари за режимот.
Д. Муратов
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Трпе Стојкоски
Фотографија: Кирил Михаилов