• Latest

Тунева: Медиумите треба да се коректори, а не предизвикувачи на манипулации, лажни вести и говор на омраза

March 14, 2019

Нови американски воени напади врз Иран го прекинаа кревкото примирје: Ескалација во Ормускиот теснец и економски шокови

May 26, 2026

Глобалната трансформација на светот со вештачката интелигенција: Од софтверски инженеринг до нови етички и еколошки стандарди

May 26, 2026

Зошто Русија го бомбардира Кијив посилно од кога било

May 26, 2026

Папата Лав XIV: Технологијата мора да му служи на човекот, а не да го замени

May 25, 2026

Вашингтон и Техеран преговараат за прекин на огнот, Пакистан посредува: Деблокада на 20 милијарди долари за Иран во замена за 60-дневен прекин на огнот

May 25, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Украинската дипломатија повика на „решителен одговор“ од меѓународната заедница

May 25, 2026
Џелал Хоџиќ

Парадоксот на „Српскиот свет“: Северна Македонија го спасува режимот на Александар Вучиќ од српската демократска јавност во Србија

May 24, 2026
Кијив, 24 мај 2026 (ДСНС)

Цивилите во Кијив под масовен руски напад: Кремљ удри со ракети и дронови, Украина бара итна поддршка за противвоздушна одбрана

May 24, 2026

Порака до сите што беа на кумановскиот митинг за поддршка на Вучиќ

May 24, 2026
Кијив во утринските часови на 24 мај 2026 година (ДСНС)

РУСКИОТ ТЕРОР ПРОДОЛЖУВА: Масовен напад врз цивилни цели во Кијив, Украина возвраќа со удари длабоко во руска територија

May 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Нови американски воени напади врз Иран го прекинаа кревкото примирје: Ескалација во Ормускиот теснец и економски шокови

    Глобалната трансформација на светот со вештачката интелигенција: Од софтверски инженеринг до нови етички и еколошки стандарди

    Папата Лав XIV: Технологијата мора да му служи на човекот, а не да го замени

    Вашингтон и Техеран преговараат за прекин на огнот, Пакистан посредува: Деблокада на 20 милијарди долари за Иран во замена за 60-дневен прекин на огнот

    Продолжува рускиот терор врз цивилите: Украинската дипломатија повика на „решителен одговор“ од меѓународната заедница

    Кијив, 24 мај 2026 (ДСНС)

    Цивилите во Кијив под масовен руски напад: Кремљ удри со ракети и дронови, Украина бара итна поддршка за противвоздушна одбрана

    Кијив во утринските часови на 24 мај 2026 година (ДСНС)

    РУСКИОТ ТЕРОР ПРОДОЛЖУВА: Масовен напад врз цивилни цели во Кијив, Украина возвраќа со удари длабоко во руска територија

    ЕКСКЛУЗИВНО: Експресен одговор од Агенцијата за разузнавање на прашањата на ЦИВИЛ за шпионската афера

    Фотографија: Скриншот од видео на Google

    Google го забрзува развојот на ВИ: Џемини Омни и новата генерација на интелигентни агенти

    Фото: Министерство за правда

    Правосудниот испит на албански јазик отвори нов политички судир меѓу Министерството за правда, ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Џелал Хоџиќ

    Парадоксот на „Српскиот свет“: Северна Македонија го спасува режимот на Александар Вучиќ од српската демократска јавност во Србија

    Порака до сите што беа на кумановскиот митинг за поддршка на Вучиќ

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Ура за Македонија

    Мајски извештај за продукцијата на ЦИВИЛ МЕДИА: Навигација низ информацискиот метеж

    ШПИОНСКА АФЕРА: Додека се шпионира НАТО, власта на Мицкоски креира политики по терк на Москва

    Проф. д-р Александар Иванов

    (ЕКСКЛУЗИВНО) Проф. Иванов: ИТ-администраторот во претседателскиот кабинет не е обичен техничар, секое доцнење на форензиката има контраразузнавачка цена

    Со обете нозе во една чевла

    Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

    (ЕКСКЛУЗИВНО) Проф. Андонов: Постапката за шпионската афера намерно се води погрешно, се урива кредибилитетот на државата пред НАТО сојузниците

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    Папата Лав XIV: Технологијата мора да му служи на човекот, а не да го замени

    Архитектура на критичката мисла: Зошто на јавниот простор му е неопходна аналитичка длабочина

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Зошто Русија го бомбардира Кијив посилно од кога било

    Џелал Хоџиќ

    Парадоксот на „Српскиот свет“: Северна Македонија го спасува режимот на Александар Вучиќ од српската демократска јавност во Србија

    Порака до сите што беа на кумановскиот митинг за поддршка на Вучиќ

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Ура за Македонија

    Мајски извештај за продукцијата на ЦИВИЛ МЕДИА: Навигација низ информацискиот метеж

    Кога твојот живот е само ставка во табела

    Со обете нозе во една чевла

    Ова не е апел за милостина, туку за здрав разум: Олеснете им го животот на луѓето!

    ИН МЕМОРИАМ | За кривите линии на Коракс

    Гордо – назад и надолу

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ВЕСТИ

Тунева: Медиумите треба да се коректори, а не предизвикувачи на манипулации, лажни вести и говор на омраза

March 14, 2019 18:01
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ИЗБОРИ, ОПШТЕСТВО, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Што е она што се случува во медиумите за време на изборите, како известуваат, дали информираат објктивно и вистинито, колку се придружуваат кон етиката во известувањето во изборните процеси, беа теми на кои ЦИВИЛ Медиа разговараше со извршната директорка на Советот за етика во медиумите на Македонија,МаринаТунева.

ЦИВИЛ МЕДИА: Која е улогата на СЕММ за време на изборните процеси? 

ТУНЕВА: Улогата на СЕММ е практично иста како и во редовни околности. Тоа подразбира дека ние како саморегулативно тело работиме на добивање на претставки од јавноста, од граѓаните, институциите и граѓанскиот сектор во однос на она што значи професионално или непрофесионално известување на медиумите. Тоа ќе го правиме и за време на изборите, односно будно ќе го набљудуваме однесувањето на медиумите низ добиените претставки и жалби до СЕММ. Ние сме и во редовна комуникација со јавноста при што имаме укажувања на состојби и случувања во медиумите, дали тие се злоупотребуваат за одредени политички цели, дали постои манипулација, дали забележуваат одредени трендови што се непожелни во новинарското известување.

Значи, не секогаш е во облик на претставка, но она што би сакала да кажам е дека ние будно ќе ги следиме состојбите како и досега. Знаеме колку изборите се честа појава во нашата држава што практично значи дека ние имаме полни раце работа. Но, во континуитет имаме и актуелни политички процеси, случувања што ја засегаат јавноста што сметам дека постоењето на едно вакво саморегулативно тело е од исклучителна важност за да се види што е она што се случува во медиумите. Како за време на избори, така во други околности.

ЦИВИЛ МЕДИА: Како ќе го оцените изборниот процес по распишување на изборите, а пред почетокот на изборната кампања во поглед на етичкото покривање на медиумите?

ТУНЕВА: Ние апсолутно очекуваме медиумите да се држат до објективноста, урамнотеженост во известувањето, да имаат едукативна улога, да и’ помагаат на јавноста да процени кој ќе биде вистинскиот избор во име на граѓаните. Значи, тие самите да се информираат доволно од известувањето на медиумите сè со цел да можат да го направат вистинскиот избор.

Апсолутно очекуваме да се придружуваат на принципите во Кодексот на новинарите и воопшто на принципите и критериумите наведени во различни етички документи. Како што е Повелбата за етичко известување за изборите на СЕММ. Ние повторно ја потсетуваме и понатаму ќе ја потсетуваме јавноста поконкретно медиумите за она што е нивна улога во однос на известувањето за изборите.

Некои од тие принципи го подразбираат информирањето на начин што подразбира урамнотеженост меѓу сите страни, пронаоѓање на вистинските гласови кои се вистинските извори на информации што треба да бидат претставени пред јавноста, дистинкција меѓу информациите и коментарите, чесност и неутралност, сето тоа е наведено во Повелбата за етичко известување… очекуваме да се придружуваат и на принципите на Меѓународната федерација на новинари… како за време на избори, така и во редовни околности.

Она што очекуваме за време на изборите е ставање на посебен акцент врз она што значи вистинска информативна улога, меѓутоа и добро реализирана едукативна улога на медиумите. Тие можат да и’ помогнат на јавноста со упатства, со начинот на однесување за време на избори, можат да доловат какви се програмите на политичарите, можат да ги осуетат обидите на одредени центри на моќ да ги злоупотребуваат медиумите или да ги манипулираат граѓаните…

Имајќи предвид колку е сензитивна атмосферата за време на избори, од исклучително значење е однесувањето на медиумите.

ЦИВИЛ МЕДИА: Колку постои свесност и општествена одговорност во медиумите, во овој изборен период, според вашите сознанија, да ги исполнат вашите очекувања во контекстот за кој зборувате? 

ТУНЕВА: Следејќи како работат медиумите до сега, ние се обидуваме она што го добиваме како информација, резултатите на Комисијата за жалби при СЕММ, да ги сублимираме во еден статистички преглед. Она што го забележавме како најчеста тенденција е прекршувањето на член 1 од Кодексот на новинарите кој се однесува на вистинитоста на информирање и пронаоѓање на вистинските извори на информации. Ако ова го поврземе со фактот дека  честопати ни пријавувале случаи на дезинформации, пропаганда и лажни вести тогаш е сосема јасно зошто има такви случувања во медиумите.  Навистина е разочарувачки дека најголемиот процент на жалбите што ги добиваме се однесуваат токму на вистинитоста на информирањето. Дури и граѓаните се во можност да проценат што е најголем проблем на новинарството.

ЦИВИЛ МЕДИА: Дали и колку СЕММ нотирал лажни вести и говор на омраза и кои медиуми најмногу ги шират, традиционалните или електронските медиуми?

ТУНЕВА: Ние сме во фаза на редовно добивање на претставки така што во овој момент сè уште да се процени и да извлечеме сублимат какво е однесувањето на медиумите предизборно или какво е сега во оваа рана фаза на изборите. За кратко време ќе имаме јасна слика какви се случувањата во медиумите.

Меѓутоа имајќи предвид дека поминавме и поминуваме доста често низ она што значи изборни процеси. Бевме свесни за тенденциите што се случуваат, манипулација со јавното мислење, имавме говор на омраза, имавме прелевање на онаа воинствена реторика на дел од политичарите или носители на јавни функции во медиумите. Кога имаме случувања од тој тип политичарите сами да употребуваат таква реторика и кога таа се прелева во медиумите, што да очекуваме понатаму? Самите тие можат многу да придонесат за разгорување на страстите. Тука гледаме една огромна улога на медиумите. Тие можат да помогнат да се разобличат таквите обиди од носителите на јавни функции и од оние што претендираат да поседуваат одредени јавни функции. Тие можат да помогнат со тоа што ќе забележат, а применувајќи ги принципите на етичко и професионално известување, таков проблем и тоа треба да го престават на јавноста и да помогнат на тој начин да не се манипулира понатаму.

Во кревки моменти, во општество како нашето, сосема е очекувано да се продолжи со таква реторика, да се нема дистанца од она што значи стремеж од одредена политичка функција, да се користи тенденциозен речник сè со цел да се негира политиката на работа или дејствување на против кандидатот.

ЦИВИЛ МЕДИА: Според вашето искуство, кој е најлесниот канал за проток на такви информации? 

ТУНЕВА: Нашата евиденција од минатата година покажува дека најголем дел од пријавите за непрофесионално известување на медиумите се однесуваат на интернет порталите. Така што тоа и ќе продолжи како тенденција, но имајќи предвид дека тие е најброен медиум, можеби е и очекувана ситуација. Од друга страна, имајќи голема традиција на неспроведување на законите, кога станува збор за ваквиот вид на медиуми, тогаш ваквите тенденции ќе продолжат и понатаму. Ќе ги забележуваме тие отстапувања од етичките норми во интернет порталите. Она што е особено разочарувачки и кое што настојуваме ние да го покажеме како Совет за етика во медиумите е дека многу често имаме ситуации на прелевање на содржините од социјални мрежи и интернет портали во традиционалните медиуми. Тие пак, се обидуваат да ја избегнат одговорноста велејќи дека некој друг го сторил тоа.

Ние испративме барање до еден медиум да се изјасни зошто се случиле некои прекршувања на етичките норми. Тие го оправдуваат своето известување дека содржината што ја објавиле е од тој и тој портал или Фејсбук страница и тие немаат никаква одговорност околу веста што ја пренеле.

Но, не е така. Преземајќи ги содржините од нив, ние учестуваме во тој процес. Ако веќе се прекршени нормите или има забележано уште поеклатантни прекршувања на професионализмот, тогаш одговорноста е сечија…

Кои се причините и факторите  што придонесуваат до ова, дали има условеност од одредени центри на моќ, притисоци, влијанија, сето тоа е многу важно да се земе во предвид. Ако ние не го доловиме со помош на медиумите сето тоа за да ја едуцираме јавноста никој друг нема да може.

Биљана Јордановска (текст и монтажа)

Камера и фотографија: Дехран Муратов

Share308TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ