• Latest
Фото: Скриншот Икс

Турскиот парламент забрани Кока-Кола и Нестле во своите ресторани

November 8, 2023

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Турскиот парламент забрани Кока-Кола и Нестле во своите ресторани

November 8, 2023 13:23
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5
Фото: Скриншот Икс

Фото: Скриншот Икс

Share on FacebookShare on Twitter

Турскиот парламент ги отстрани производите на Кока -Кола и Нестле од своите ресторани во вторникот поради нивната наводна поддршка за Израел среде конфликтот во Газа, објави The Financial express според официјалното соопштение и извор кој ги именуваше двете компании.

Од двете компании не одговорија веднаш на барањето за коментар.

„Производите на компаниите кои го поддржуваат Израел нема да се продаваат во ресторани, кафетерии и чајџилници во кампусот на парламентот“, соопшти Големото национално собрание на Турција, без да ги идентификува компаниите.

Спикерот Нуман Куртулмуш ја донел оваа одлука, се додава, со цел „да ја поддржи јавната чувствителност во врска со бојкотот на производите на компаниите кои отворено изјавија дека ги поддржуваат израелските воени злосторства (и) убиствата на невини луѓе во Газа“.

Собраниски извор рече дека пијалоците Кока-Кола и инстант кафето Нестле се единствените брендови отстранети од менијата, додавајќи дека одлуката треба да одговори на „огромното јавно негодување против овие компании“ поради поддршката на Израел.

Ниту во соопштението на парламентот ниту изворот не прецизираа како Кока-Кола и Нестле ги поддржаа воените напори на Израел.

Минатиот месец Нестле соопшти дека привремено затвора една од своите производствени погони во Израел како „претпазливост“, со што стана првиот гигант за производи за широка потрошувачка што објави одговор на војната.

Турските активисти во последните денови ги именуваа двете компании во објавите на социјалните мрежи кои повикуваат на бојкот на израелските стоки и западните компании за кои тие сметаат дека го поддржуваат Израел.

Потегот на турскиот парламент е меѓу првите на една влада или голема организација што ги таргетира големите светски брендови поради едномесечната војна меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.

Исто така, на сосема друго место, граѓаните на Нови Пазар решија да ги поддржат жителите на Палестина со бојкот на сите производи на компанијата Кока Кола. Овој чин на солидарност започна откако градот беше преплавен со палестински знамиња, а рестораните едногласно се согласија да не служат американски пијалоци, додека граѓаните активно ја поддржуваат оваа иницијатива, пренесува Санџак данас.

Во текот на изминатиот месец, турскиот претседател Таип Ердоган и неговата влада остро го критикуваа нападот на Израел врз Газа и западната поддршка за Ерусалим

Израел ја бомбардира Газа по нападот на Хамас врз јужен Израел пред еден месец, кога неговите борци убија 1.400 луѓе и заробија 240 заложници.

Здравствените власти во Газа велат дека во нападот на Израел загинале повеќе од 10.000 Палестинци, вклучително и околу 4.100 деца.

Стотици илјади Турци излегоа на улиците за да протестираат против израелските операции во Газа во изминатиот месец, истовремено занемарувајќи го фактот дека слични операции изведува Турција врз Курдите во Ирак и Сирија.

Драган Мишев

Tags: забранакока-колаНестлепарламенттурција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ