Анкара се надева дека по посетата на државниот секретар Рекс Тилерсон на Турција, САД ќе ги исполни ветувањата, изјави денеска на Минхенската конференција за безбедност, турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.
– По прашањето за Сирија ние не треба да имаме разединувања со партнерите. Имаме одредени договори со САД, за кои разговаравме со Тилерсон за време на неговата посета. Ние сметаме дека овој пат САД треба да одржат дадените ветувања, рече Чавушоглу.
Турскиот министер повторно ја оцени како неприфатлива одлуката на Американците да се борат против „Исламска држава” во Сирија заедно со курдските Сили за заштита на народот (СЗН), за кои Анкара смета дека се огранок на Курдската работничка партија.
– Зошто САД ги поддржуваат СЗН? Ние видовме како во Рака беше склучен договор помеѓу нив. Сега СЗН заедно со ДАЕШ (арапски акроним за Исламска држава) и заедно се спротиставуваат на Турција. Ете со такви луѓе соработуваат нашите сојузници, истакна Чавушоглу.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.