Државниот секретар во Министерството за информатичко општество и јавна администрација, Јахи Јахија, функционер на ДУИ од Куманово, денеска е уапсен по налог на обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска.
Јахија е сомничен за злоупотреба на службената положба и овластувања, земање провизија од добиен тендер и за злоупотреба на европски ИПА фондови. Секторот за организиран криминал и корупција од МВР извршил претрес во просториите на МИОА, сведочат вработени во институциите поставени во објектот на Нова Македонија кадешто се наоѓа и МИОА. Претрес се вршел и во куќата на Јахија каде тој бил затекнат и уапсен утринава. За високиот функционер на ДУИ неофицијално се очекува обвинителството да бара и притвор. Ова е првиот упасен функционер на ДУИ, по бројните реакции во јавноста дека органите на правдата ги штедат функсиомерите на оваа партија заради политички калкулации.
Во текот на денот се очекува и официјална изјава од ЈО за случајов, од МВР се уште нема официјални информации.