Синоќа околу 21:30 часот полицијата го уапси Светозар Петровиќ, осуден на 18 месеци затвор за “лажно идентификување“, инаку познат на МВР по тоа што беше еден од членовите на протестите „За заедничка Македонија“ и упадна во Собранието на 27 април.
Познат како “Лаки Арамбаша” долго време беше во бегство. Тој беше еден од организаторите на протестите “За заедничка Македонија”, а обвинителството за организиран криминал и корупција поднесе обвинение за организирање на насилството во Собранието. Тој е познат како близок на Тодор Петров, претседателот на македонскиот Светски конгрес. Пријавен е и за говор на омраза на социјалните мрежи.