• Latest
Националисти | фото: Киро Попов

Уапсени Велјановски, Ристовски и Јанакиевски, осомничени како организатори на 27 Април

February 20, 2019
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Уапсени Велјановски, Ристовски и Јанакиевски, осомничени како организатори на 27 Април

February 20, 2019 21:48
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Националисти | фото: Киро Попов

Националисти | фото: Киро Попов

Share on FacebookShare on Twitter

Петмина осомничени како организатори на настаните на 27 април, експремиерот Никола Груевски, поранешниот председател на Собранието, Трајко Велјановски, поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и бегалецот Никола Бошковски, се лицата за кои обвинителството побара притвор со образложение дека можат да бегаат или да влијаат врз осомничените. Двајца од нив, Груевски и Бошковски веке се во бегство, а Велјановски, Јанакиески и Ристовски денеска се уапсени и изведени пред суд. 

По спроведена сеопсежна предистражна постапка, како што соопшти Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, оваа интитуција издаде наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, предвидено и казниво по член 313 од Кривичниот законик.

Наодите од предистражната постапка укажуваат дека осомничените на почетокот на 2017 година подготвиле и реализирале план со намера да оневозможат мирно примопредавање на власта. За таа цел, тие ги организирале и материјално ги поддржале протестите прво пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето „За заедничка Македонија“ кои кулминираа со насилното влегување во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година.

Осомничените, како организатори, ја вклучиле севкупната партиска структура и материјални средства за исполнување на целта и овозможиле континуирано намалување на бројот на полициски службеници за обезбедување на протестите. Со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста, на критичниот ден организирале непречено влегување на толпата во законодавниот дом, вклучиле патриотски здруженија и ангажирале лица за извршување на насилство.

Воедно, од седиштето на политичката партија, континуирано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и другите градови. Во исто време, еден од осомничените, со возило, сопственост на Управата за безбедност и котраразузнавање, донел огнено оружје и панцирни елеци пред Собранието на Република Македонија што биле наменети за лица што протестираат и имаат искуство во ракување со оружје.

Со овие активности осомничените предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв кај граѓаните. Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за осомничените.​

А. Зеќири

фотографија: Киро Попов/kolektif.mk

Share6TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ