Грчката полиција во регионот на Дојран, уапси 55-годишен македонски државјанин, бидејќи во приколката од неговиот камион биле пронајдени 11 нелегални мигранти, кои требало нелегално да ги изнесе од Грција.
Според грчката новинска агенција АНА-МПА, од истрагата на полицијата произлегло дека мигрантите во Грција влегле преку нелегален премин на грчко – турската граница.
Каминот бил запленет, а уапсениот македонски државјанин ќе биде изнесен пред јавен обвинител во Кукуш, јави дописникот на МИА од Атина.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.