ДИК ги соопшти резултатите од броењето на гласовите, од кои до 16 часот денеска (16 октомври) се обработени 99,77% од гласовите.
Избрани се градоначалници во 45 општини во првиот круг од локалните избори, а во 35 општини ќе се одлучува за градоначалници во вториот изборен круг на 29 октомври.
Извесно е дека Скопје има нов градоначалник и тоа е Петре Шилегов од СДСМ, кој води со 50,27 %, додека Коце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ има 36,10 % од гласовите. Во првиот круг, СДСМ победува и во Ѓорче Петров, Карпош и Центар, а голема е веројатноста дека победува и во општина Аеродром.
Овие избори бележат рекорден број неважечки ливчиња, 45.343.
Ја пренесуваме табелата објавена на веб страницата на ДИК.
Вкупен број на избирачи запишани во избирачкиот список* | 1.814.644 |
Вкупен број на избирачки места (без ЗРЛ) | 3.480 |
Број/Процент на избирачки места од кои пристигнале податоци (без ЗРЛ) | 3.472 / 99,77% |
Вкупен број на избирачи запишани во избирачкиот список во ИМ од кои пристигнале податоци | 1.807.756 |
Вкупен број на избирачи кои гласале во ИМ од кои пристигнале податоци | 1.076.451 |
Вкупен број на важечки гласачки ливчиња | 1.030.945 |
Вкупен број на неважечки гласачки ливчиња | 45.343 |
Процент на избирачи кои гласале во ИМ од кои пристигнале податоци |
*со избирачи кои се на издржување казна затвор или се во притвор и кои се со статус внатрешно – раселени лица (ЗРЛ)