• Latest

Украина, една од главните теми на 17. Бледски стратешки форум, за Бектеши предлогот на Мицкоски за гас од Унгарија е апсурден, Бајден за трампистите – закана за американската демократија

August 29, 2022
Фото: Скриншот

Стармер: Состанок во Лондон в понеделник за ресетирање на односите меѓу ЕУ и Велика Британија

May 16, 2025
Фото: Х. Мицкоски/Фејсбук

Мицкоски: Стратешкиот договор со Обединетото Кралство ќе овозможи инвестициски циклус од околу шест милијарди евра

May 16, 2025
Фото: Емануел Макрон нa „X“

Макрон и Зеленски по телефонскиот разговор со Трамп: Русија купува време и ја продолжува војната

May 16, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Зеленски изрази жалење за пропуштената можност за мир: Путин не се согласи на ништо

May 16, 2025
Фото: Влада на РСМ

Европските лидери од Тирана: Ставот на Русија во преговорите со Украина е неприфатлив

May 16, 2025
Фото: Влада на РСМ

Мицкоски – Стармер: Договорот за стратешко партнерство значи посилна соработка и поцврсти односи меѓу двете земји

May 16, 2025

24 ЧАСА: Пораки од Тирана – нов пакет санкции против Кремљ; Додик продолжува со геноцидната реторика; преговарачите на Украина и Русија лице в лице во Истанбул

May 16, 2025
Фото: Х

Герила акција на „Кој е следен“ пред ОЈО: Бело платно со имињата на настраданите во пожарот во Кочани

May 16, 2025
Фото: МИА

Кошта: Светскиот поредок е поткопан, руската агресија во Украина донесе војна во Европа, во Газа, хуманитарна трагедија, потребна е колективна соработка

May 16, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Трамп воодушевен од „многу силното минато“ на сирискиот претседател, поранешен член на Ал-Каеда, за чија глава САД распишаа награда од 10 милиони долари

May 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Украина, една од главните теми на 17. Бледски стратешки форум, за Бектеши предлогот на Мицкоски за гас од Унгарија е апсурден, Бајден за трампистите – закана за американската демократија

August 29, 2022 16:30
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Украина и кризата на мултилатералниот поредок во фокусот на 17. Бледски стратешки форум

Фокусот на годинешниот Бледски стратешки форум (БСФ), што ќе се одржи денеска и утре (29 и 30 август) под наслов „Владеење на моќта или моќта на правилата“, ќе бидат дискусиите за последиците од руската агресија врз Украина и криза на мултилатерализмот. Паралелно со главниот настан, од 26 до денеска во Љубљана и Блед се одржува и Младински Бледски стратешки форум (Young BSF).

Учесниците на 17. Бледски стратешки форум ќе бараат одговори на прашања за иднината на мултилатералниот поредок и неговата улога во рамките на Европската унија. Глобалните кризи (климатски, економски, прехранбени, енергетски) и појавата на нови кризни жаришта, но пред сè, руската агресија врз Украина и промените во меѓународниот поредок, покажаа дека меѓународниот систем кој беше формиран околу ОН по крајот на Втората светска војна, мора да се промени. Со промените на оските исток-запад и север-југ се наметна прашање за реконфигурирање на веќе воспоставената структура. Улогата на ЕУ, особено во светлината на украинската криза, е да го зајакне својот глас на меѓународната сцена и да ја зајакне сопствената способност да се справи со сегашните и идните предизвици, како што е кризата со храна и безбедноста.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес и утре (29 и 30 август) ќе престојува во Словенија, каде ќе учествува на традиционалниот 17-ти по ред Бледски стратешки форум насловен „Владеење на моќта или моќта на правилата (Rule of power or the power of rules).

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Бектеши му одговори на Мицкоски: Нека ни каже како се носи гас од Унгарија и Австрија, ќе го поддржиме

Министерот за економија Крешник Бектеши, во емисијата „Клик 21“ на ТВ21, одговори на предлогот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за осигурување на природен гас, за кој рече дека е апсурден, но доколку тој има информации како да се транспортира гас во Македонија, тогаш Владата е подготвена да разговара за ова прашање.

„За мене понудата на господинот Мицкоски беше прифатлива. Може да седнеме денес, да ни кажеме кои терминали имаат слободни капацитети, ќе најдеме легален начин и средства од буџетот и ќе ги резервираме тие капацитети, но колку што воопшто знаат граѓаните, Северна Македонија технички не може да се снабдува со природен гас од гасни терминали во Унгарија и Австрија“, рече меѓу другото Бектеши на ТВ21.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Осум цивили загинаа, а седум се повредени во руското гранатирање на регионот Доњецк во изминатиот ден, објави началникот на регионалната воена управа на Доњецк, Павло Кириленко на Телеграм, јавува дописникот на Укринформ.

„На 28 август 2022 година, Русите убија осум цивили во регионот Доњецк: четворица во Бахмут, двајца во Раихородок, еден во Тетианивка и еден во Миколаивка. Повредени се уште седум лица“, се наведува во објавата.

Во моментов е невозможно да се пресмета точниот број на жртви во Мариупол и Волноваха, додаде Кириленко.

*

Вечерта на 28 август 2022 година, руски авиони влегоа од Русија во воздушниот простор на Република Белорусија и извршија најмалку пет ракетни напади на територијата на Украина, објавија од мониторинг тимот „Беларуски Хаџун“ на Телеграм, јавува дописникот на Укринформ.

*

Делегација на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) се упатува кон нуклеарната централа Запорижја, напиша на Твитер генералниот директор на МААЕ, Рафаел Маријано Гроси, пренесува Укринформ

„Дојде денот, мисијата за поддршка и помош на организацијата МААЕ во Запорожје (ИСАМЗ) сега е на пат. Мора да ја заштитиме безбедноста и безбедноста на најголемиот нуклеарен капацитет на Украина и Европа. Горд што ја води оваа мисија која ќе биде во ЗНПП подоцна оваа недела“, напиша тој.

*

Делегација на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) се упатува кон нуклеарната централа Запорижја, напиша на Твитер генералниот директор на МААЕ, Рафаел Маријано Гроси, пренесува Укринформ

„Дојде денот, мисијата за поддршка и помош на организацијата МААЕ во Запорожје (ИСАМЗ) сега е на пат. Мора да ја заштитиме безбедноста и безбедноста на најголемиот нуклеарен капацитет на Украина и Европа. Горд што ја води оваа мисија која ќе биде во ЗНПП подоцна оваа недела“, напиша тој.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕНЕРГИЈА РЕК Битола врши повремено тестирање на постројката ,,стартна котлара”, чија намена е да дава поддршка на блоковите при потреба за зголемено количество водена пареа за турбините. При проверката е утврдено дека истата е функционална и е на располагање да се вклучи во системот во секој момент, за краткотрајно зголемување на снагата на блоковите во одредени куси периоди во текот на производниот процес

ОДБРАНА  Министерката за одбрана, Славјанка Петровска утрово учествуваше на регионален настан во формат на тркалезна маса за јавни политики, организиран од Евроатлантскиот совет на Северна Македонија и од Центарот за изучување на демократија – Софија (CSD) во соработка со американскиот тинк тенк National Endowment for Democracy, посветен на зацврстувањето на демократската отпорност во Северена Македонија, особено во контекст на моменталните безбедносни предизвици на европскиот континент

СРЕДБА Министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со новоименуваната амбасадорка на Украина, Лариса Дир, по повод предавањето на копиите од акредитивните писма.

ПРЕЗЕНТАЦИЈА Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска во Женева ќе го презентира Извештајот на Република Северна Македонија по Конвенцијата на ООН за правата на детето и по двата факултативни протоколи за вклученост на деца во вооружени конфликти и за трговија со  деца, детска проституција и детска порнографија

СОБРАНИЕ Пратениците утре официјално започнуваат со работа по годишните одмори. Претседателот на Собранието Талат Џафери, според најавите, утре ќе одржи средба со потпретседателите на Парламентот и со координаторите на пратеничките групи на која треба да се договори динамиката на работа за неделава и периодот што доаѓа.

ГОВОР Во жесток кампањски говор викендов за среднорочните избори во ноември, претседателот Џо Бајден искажа остри критики до опозиционерите. За движењето во Републиканска партија кое го поддржува поранешниот претседател Доналд Трамп рече дека преминало во полуфашизам.

ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска учествуваше на завршниот настан на Проектот на УСАИД за граѓанско учество: „6 години Проект на УСАИД за граѓанско учество – Силни граѓани за отчетни институции“, на кој имаше воведно обраќање, но беше и дел од панел дискусијата поврзана со антикорупциските политики и транспарентноста, информираат од Владата на Република Северна Македонија.

БРЗА ПОШТА

Во видеото што кружи по социјалните мрежи, наводно, некој руски платеник, за кој велат дека се вика Игор Мангушев со прекар Берег, се наоѓа на сцена, а во рацете, според објавата и според зборовите на протагонистот во видеото, држи „череп на убиен украински војник кај Азовстал“.

 

Го објавувам линкот затоа што наративот во видеото е 100% идентичен со целокупниот руски државен наратив со нескриени закани со геноцид на сите Украинци. Почнувајќи од самиот Путин и тие околу него, како Медведев, завршувајќи со хистеричниот Соловјев, заедно со извештаите од боиштата, светот сведочи за крволочна и вараварска војна, заснована на тој наратив, објасни Џабир Дерала во брза пошта „(ВИДЕО) Вака не се победува во војна“.

Б. Ј.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ