21-годишен руски војник, обвинет дека пукал во цивил на велосипед и го оставил мртов покрај патот, ќе биде првиот руски војник на кој му се суди во Украина за воени злосторства по инвазијата, изјави украинскиот јавен обвинител, пренесува Њу Јорк Тајмс.
Војникот е во украински притвор, а главниот обвинител Ирина Венедиктова го идентификуваше како наредник. Вадим Шисимарин. Според г-ѓа Венедиктова, ова го открила во својата истрага: Украинската разузнавачка агенција,СБУ.
На 28 февруари, четири дена по руската инвазија, наредникот Шисимарин и четворица други војници украле автомобил под закана со оружје додека бегале од украинските сили и влегле во селото Чупахивка во регионот Суми, на околу 200 милји источно од Киев. Таму здогледале невооружен 62-годишен жител како со велосипед покрај патот разговара на телефон.
Наредникот Шисимарин добил наредба да го убие човекот за да не ги пријави. Тој испукал со пушка марка калашников од прозорецот на автомобилот, при што го погодил мажот во главата и го убил на лице место, на само неколку десетици метри од неговиот дом.
Обвинетиот Шисимарин се соочува со затворска казна од 10 до 15 години. Веднаш не беше јасно како дошол во притвор или кога може да започне историскиот судски процес.
Новинарот Олексеј Сорокин , на Твитер објави видео од почетокот на судењето на Шисимарин за воени злосторства.
The first Russian war crimes trial opens in Kyiv.
Russian soldier Vadym Shyshymarin, 21, is accused of killing an unarmed 62-year-old civilian by firing an automatic rifle from a car window.pic.twitter.com/ay1BZJHPAl
— Oleksiy Sorokin (@mrsorokaa) May 13, 2022
Украинските и меѓународните истражители презедоа огромни напори да документираат докази за потенцијални воени злосторства во областите каде што руските сили се повлекоа. Стотици тела се извлечени за форензичко испитување, а претставници на ОН брзаат со повеќе ресурси до украинските власти за да помогнат во гонењето на зголемените извештаи за силување од руски војници.
Подготви: Д.Мишев