• Latest
Фото: Укринформ

Украинската контраофанзива продолжува во најмалку три правци

June 14, 2023
Фото: Скриншот од видео на Алсат М

Дерала за Алсат М: Изборите изгледаат добро само на површината – националистичката реторика буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украинската контраофанзива продолжува во најмалку три правци

June 14, 2023 14:43
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Фото: Укринформ

Фото: Укринформ

Share on FacebookShare on Twitter

Украинските сили продолжија со контраофанзивните операции во најмалку три правци и остварија дополнителни ограничени територијални придобивки на 13 јуни, објави во својот извештај Институтот  за изучување на војната (ISW) со седиште во Вашингтон.

Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Маљар извести дека украинските сили напредувале за 250 метри североисточно од Бахмут и за 200 метри јужно од Бахмут. Маљар, исто така, објави дека украинските сили напреднале 500-1.000 метри во изминатите 24 часа околу административната граница меѓу Запорижја и Доњецката област, ослободувајќи околу три квадратни километри територија во областа.

Портпаролот на украинскиот Генералштаб, Андриј Ковалев, извести дека украинските сили ослободиле над 100 квадратни километри територија од почетокот на контраофанзивните операции.

Шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, на 13 јуни тврдеше дека проценува дека украинските сили најверојатно ослободиле повеќе од 100 квадратни километри. Руски извори тврдеа дека украинските сили продолжиле со копнените напади југозападно од Орихив и јужно од Хулјаиполе во западната област Запорожје во ноќта меѓу 12 и 13 јуни.

Руските извори нашироко објавија дека темпото на украинските операции во областа Орихив се намалило во последните денови, додека Путин тврдеше дека контраофанзивата на Украина наводно била неуспешна, а нејзината армија претрпела големи загуби.

Украинскиот претседател Зеленски негираше дека контраофанзивата пропаднала.

„Има движење напред“, рече тој во своето ноќно видео обраќање.

Тој им се заблагодари на украинските војници за „секој чекор и секој метар од украинската земја што се ослободува од руското зло“.

Истото го повтори Валериј Залужни, врховниот командант на вооружените сили на земјата, кој на Телеграм напиша дека имало „некои успеси, ги спроведуваме нашите планови, одиме напред“.

Украинската војска во средата објави дека руските загуби во изминатите 24 часа вклучуваат 680 војници, осум тенкови и систем за противвоздушна одбрана. Двете страни секојдневно даваат тврдења за непријателски жртви, кои е невозможно да се проверат.

Контраофанзивата на Кијив в е во рана фаза, а скромни придобивки се постигнати во источниот Доњецк и југоисточниот регион Запорожје. Зеленски, исто така, тврди дека има напредок во Бахмут.

Но, ситуацијата не е толку јасна како триумфалните тврдења за ослободување што дојдоа од Киев претходно оваа недела.

Во вторникот на Би – Би – Си му беше дозволен пристап до некои од првите населби во источен Доњецк каде што сега се вее украинското знаме. Многумина се напуштени, а во некои области руските сили се враќаат назад.

Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека додека се уште е „рани денови“, и е постигнат напредок во одбивањето на руските трупи.

„Она што го знаеме е дека колку повеќе земја Украинците можат да ја ослободат, толку подобра позиција ќе имаат на преговарачката маса“, му рече тој на американскиот претседател Џо Бајден на состанокот во Белата куќа.

Во текот на изминатите три дена, одбранбените сили на Украина напредуваа во некои области на фронтот од 200 метри на 1,4 километри и ослободија површина од околу три квадратни километри.објави Воениот медиумски центар на Телеграм, повикувајќи се на портпаролот на Генералштабот на украинските вооружени сили Андриј Ковалиов, пренесува Укринформ.

„Во правец на Бердијанск, борбите продолжуваат во областа на селото Макаривка. Во тек се битки и во областа на селата Новоданиливка и Новопокровка“, рече Ковалиов.

Забележано е дека непријателот го зголемил бројот на ракетни и воздушни напади. Конкретно, синоќа непријателот лансираше крстаречки ракети Kh-22, крстосувачки ракети Калибр од море, а употреби и беспилотни летала Шахед за напад на инфраструктурните објекти во регионите Харков, Доњецк, Кировохрад и Одеса.

Ноќта на 14 јуни, украинските сили за воздушна одбрана уништија 3 од 4 непријателски крстосувачки ракети Калибр, како и 9 од 10 беспилотни летала Шахед-136/131.

Конкретно, од водите на Црното Море, непријателот истрела крстосувачки ракети Калибр кон Одеса. Соборени се три проектили, додека еден погодил цивилен објект. Од источниот брег на Азовското Море, руските сили лансираа 10 нападни беспилотни летала Шахед-136/131 од иранско производство во јужниот правец.

Д. Мишев

Tags: руска агресија врз Украинаукраинска контраофанзива
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ