• Latest
Чад се издига од она што изгледа како фабриката за оружје „Енергија“ во Јелетс, Русија, рано наутро на 3 јули 2025 година. Фото: Астра/Телеграм

Украински дронови погодија руска фабрика за оружје во Липецката област

July 3, 2025
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026

Протести против насилството врз жените во Охрид и Скопје, обвинение за нападот во Битола – граѓаните бараат заштита и одговорност

November 21, 2026

Граѓански форум за викенд: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

November 21, 2026

Украина го одбележува Денот на достоинството и слободата – ЦИВИЛ организира настан „Украина: Силна и слободна“

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украински дронови погодија руска фабрика за оружје во Липецката област

July 3, 2025 09:11
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Чад се издига од она што изгледа како фабриката за оружје „Енергија“ во Јелетс, Русија, рано наутро на 3 јули 2025 година. Фото: Астра/Телеграм

Чад се издига од она што изгледа како фабриката за оружје „Енергија“ во Јелетс, Русија, рано наутро на 3 јули 2025 година. Фото: Астра/Телеграм

Share on FacebookShare on Twitter

Дронови наводно погодиле фабрика во руската Липецка област која произведува делови за дронови и ракети, изјави гувернерот Игор Артамонов рано наутро на 3 јули, пренесува Кијив Индипендент.

Фабриката „Енергија“ во градот Јелетс беше нападната преку ноќ, а жителите пријавија повеќе експлозии, според рускиот новински Телеграм канал „Астра“. Артамонов подоцна потврди дека напад со дрон предизвикал пожар во близина на објектот.

Вработените во блиските работилници се евакуирани, рече Артамонов. Нема пријавени жртви.

Обемот на штетата на фабриката не е веднаш јасен, а „Кијив Индепендент“ не можеше да ги потврди овие извештаи.

Фабриката „Енергија“ произведува делови за балистички и крстосувачки ракети, како и батерии за дронови и лизгачки бомби. Фабриката претходно беше цел на повеќе напади минатиот мај.

Градот Јелетс се наоѓа околу 250 километри северно од руско-украинската граница.

Артамонов, исто така, тврдеше дека дроновите предизвикале штета и во други области во регионот. Остатоците од пресретнат дрон наводно се урнале врз станбена зграда, при што загинала една жена, а други две лица биле повредени.

Експлозии биле пријавени и во текот на ноќта во градот Харцизк, окупиран од Русија, во Донецката област во Украина, а руските Телеграм канали цитирале очевидци кои тврдат дека ракета можеби погодила руско складиште за муниција.

Според извештаите, по првичната експлозија следеле неколку рунди секундарни детонации. Кијив Индепендент не можеше да ги потврди овие тврдења.

Руското Министерство за одбрана тврди дека неговата воздушна одбрана соборила вкупно 69 украински дронови во текот на ноќта. Министерството соопшти дека 27 дронови биле пресретнати над Белгородската област, 22 над Воронежската област, 10 над Липецката област, осум над Курската област и два над Крим, окупиран од Русија.

Кијив не ги коментираше ноќните напади.

Украина редовно напаѓа воени цели длабоко на руска територија во обид да ја намали борбената моќ на Москва.

Д. Мишев

Tags: погодена руска фабрика за оружје во Липецката областукраински напади со дронови на руска територија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ