• Latest
Фото: Телеграм ХУР

Украинско разузнавање: 30 севернокорејски војници убиени и повредени во напади во Курската област 

December 16, 2024
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украинско разузнавање: 30 севернокорејски војници убиени и повредени во напади во Курската област 

За време на борбите во Курската област, група севернокорејски војници отвориле оган врз членовите на чеченската единица Ахмат што се борат за Русија. Во нападот наводно загинале осум руски војници.

December 16, 2024 14:16
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Фото: Телеграм ХУР

Фото: Телеграм ХУР

Share on FacebookShare on Twitter

Најмалку триесет севернокорејски војници билe убиени или ранети за време на напади во руската област Курск, тврди украинското воено разузнавање (ХУР) во извештајот од 16 декември.

По нападите што се случија на 14-15 декември во близина на селата Плиехово, Ворожба и Мартиновка, севернокорејските загуби треба да се надополнат со нови војници од 94-та одделна бригада на Северна Кореја, тврди ХУР. Тројца војници, исто така, наводно исчезнале.

Кијив Индипендент не можеше самостојно да ги потврди тврдењата на ХУР.

Украинските и западните претставници есента предупредија дека над 10.000 севернокорејски војници се стационирани во Курската област, подготвени да помогнат во обидот на Русија да ги собори украинските сили во регионот. Овој потег претставува невидена ескалација во руската војна против Украина.

Првите ограничени судири меѓу севернокорејските и украинските трупи во Курската област беа пријавени на почетокот на ноември, при што севернокорејските војници неодамна се приклучија на операциите за копнени напади.

Севернокорејските трупи, исто така, наводно отвориле оган и убиле осум руски војници на 14 декември во инцидент со „пријателски оган“.

За време на борбите во Курската област, група севернокорејски војници отвориле оган врз членовите на чеченската единица Ахмат што се борат за Русија, објави ХУР преку својот официјален канал Телеграма. Според извештајот, кој Кијив Индипендент не беше во можност да го потврди, во нападот наводно загинале осум руски војници.

Според ХУР, инцидентот е резултат на јазичната бариера меѓу руските и севернокорејските трупи, која продолжува да биде „тешка пречка“ на бојното поле.

Руската војска воспостави специјални протоколи на местата каде што се наоѓа севернокорејскиот персонал, соопшти ХУР. Руските војници мора да бидат подложени на инспекција пред да влезат во овие области, а телефоните и електронските уреди им се одземени.

Претходно претседателот Володимир Зеленски објави дека „значителен број“ севернокорејски војници им се приклучиле на руските јуришни операции во регионот Курск и дека севернокорејскиот персонал почнал да има „забележителни загуби“, но не даде бројка.

Драган Мишев

 

 

Tags: Курсксеврнокорејски трупи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ