Според достапните информации од украинското разузнавање, платеници на руската приватна воена компанија Вагнер груп ги убиле украинските воени заробеници во привремено окупираниот град Оленивка во Доњецката област, пренесува Укринформ.
„На 28 јули се случи силна експлозија на територијата на поранешната казнена колонија бр. 120 во градот Оленивка во привремено окупираната територија на регионот Доњецк, која моментално се користи како место за притвор на украинските воени затвореници и ги уништила просториите во кои се држеле заробените Украинци. Според руски извори, убиени се околу 40 Украинци, се прецизира бројот на повредени“, информираат од Главниот директорат за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина.
Како што стана објавено, експлозиите се случија на територијата на индустриската зона во новоизградена зграда, која требаше да биде специјално опремена за задржување на затвореници извадени од челичарницата Азовстал. Зградата била завршена пред два дена, по што во неа биле префрлени дел од приведените украински бранители.
според податоците на Генералштабот на вооружените сили на Украина, руските војници намерно извршиле артилериски напад врз воспитно-поправниот дом во Оленивка, каде што биле чувани украински воени заробеници. Генералштабот истакна дека тврдењата на Кремљ дека вооружените сили на Украина наводно отвориле оган врз цивили и цивилна инфраструктура се бесрамна лага и провокација.
Министерството за надворешни работи на Украина остро ги осудува бруталните воени злосторства извршени од страна на рускиот воен персонал врз украинските воени заробеници, вклучувајќи ужасни случаи на тортура, физичко малтретирање, нехумано постапување, намерно нанесување тешки страдања и сериозни телесни повреди и намерно убивање на украински воени заробеници, додека Министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба ја повика меѓународната заедница да го осуди бруталното кршење на меѓународното право од страна на РФ и веднаш да ја признае Русија како терористичка држава.
Подготви: Д.Мишев