Министерството за надворешни работи на Украина го поздрави почетокот на евакуацијата на цивилите од челичарницата Азовстал во Мариупол и повика на континуирано обезбедување на хуманитарни коридори, пренесува Укринформ.
„МНР го поздравува почетокот на евакуацијата на цивилите од челичарницата Азовстал на територијата под контрола на Украина. Ова стана можно благодарение на напорите на украинското раководство, претседателот Зеленски, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, претседателот на МКЦК Петер Маурер“, објави Министерството на Твитер.
??MFA welcomes the start of the evacuation of civilians from #Azovstal steelworks to the Ukrainian-controlled territory. This became possible thanks to the efforts of Ukrainian leadership @ZelenskyyUA, UN Secretary General @antonioguterres, ICRC President @PMaurerICRC.
?@Reuters pic.twitter.com/gxErvAAazd— MFA of Ukraine ?? (@MFA_Ukraine) May 1, 2022
Како што е наведено, евакуацијата им дава шанса на цивилите, особено на мајките и децата, да го вратат нормалниот живот и да добијат соодветен третман.
„Украина ќе направи се што е можно за да им помогне на овие луѓе да ги заборават ужасите на војната“, додаде Министерството.
Сепак, се забележува дека треба да се направи уште повеќе, бидејќи стотици цивили, вклучително и десетици деца, сè уште чекаат да бидат евакуирани. Министерството за надворешни работи на Украина повикува дополнително да се обезбедат хуманитарни коридори за овие луѓе.
Понатаму, се нагласува дека стотици ранети украински војници сè уште се блокирани во централата.
„Потребен им е итен третман за да им се спасат животите. Бараме итна евакуација на ранетите украински војници во согласност со меѓународното хуманитарно право“, подвлече Министерството.
Денеска започна евакуацијата на цивилите од челичарницата Азовстал во Мариупол. Првата група од околу 100 луѓе веќе се упатува кон територијата што ја контролира владата.
Евакуацијата на цивилите од деловите на Мариупол кои не припаѓаат на челичарницата Азовстал е одложена за утре, соопшти денеска Градскиот совет.
Како што беше наведено, евакуацијата е одложена поради безбедносни причини, јави Би-Би-Си. Покрај борците и цивилите опколени во Азовстал, во јужниот дел на градот останаа околу 100.000 жители. Новиот обид за транспорт на цивили во Запорожје од разурнатиот пристанишен град, кој главно е под руска контрола, ќе се случи утре наутро, соопшти градскиот совет на Запорожје.
Подготви: Д.Мишев