Од 24 февруари до 16 јуни, 7,704 милиони луѓе ја напуштиле Украина, а 2,559 милиони се вратиле, објави Министерството за внатрешни работи на Украина на Телеграм, на Светскиот ден на бегалците кој се одбележува на 20 јуни, назначен со резолуцијата на Генералното собрание на ОН, пренесува Укринформ.
Како резултат на руската целосна инвазија на Украина оваа година, милиони украински бегалци ѝ се придружија на оваа огромна група ширум светот.
Луѓето бегаа и продолжуваат да бегаат од опасност, од експлозии и гранатирање, од вооружени и брутални криминалци за кои човечкиот живот е безвреден“, се вели во соопштението.
Во Европа, од 16 јуни, 3,207 милиони бегалци од Украина се регистрирани за привремена заштита или слични национални програми за заштита.
Според Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации, до 16 јуни, 7,704 милиони луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на војната, додека 2,559 милиони се вратиле во својата татковина.
Според Канцеларијата на високиот комесаријат на ОН, од 14 јуни бројот на Украинци кои заминале во странство по руската инвазија на Украина изнесувал повеќе од 7,5 милиони. Над 3,3 милиони бегалци од Украина добија статус на привремена заштита во Европската унија. Тоа се само официјално регистрирани бегалци.
Подготви: Д.Мишев