• Latest

Ќулавкова: Дното го постигнавме, време е да се искачиме нагоре!

November 14, 2017
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ќулавкова: Дното го постигнавме, време е да се искачиме нагоре!

November 14, 2017 15:01
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Божана Ќулавкова, новинарка во интервју за ЦИВИЛ Медиа зборува за слободата на изразување, медиумските слободи, комерцијализацијата на медиумите и притисоците од бизнис центрите на моќ.

ЦИВИЛ Медиа: Што за вас претставува слободата на изразување, медиумските слободи и активизмот?

Ќулавкова: Слободата за новинарите значи она што го гледаме да го презентираме во јавноста. Значи во еден настан, една вест која ја презентираме треба да застапиме пет страни отприлика за да можеме да ја презентираме објективната страна на настаните којшто се случуваат. Но, тоа во локални услови, како што е тука во Велес, не би можело тоа да се прави бидејќи тука не се практикува земање изјави на луѓе коишто се експерти по одредена област, бидејќи на некој начин тие се повлекуваат или се плашат да дадат изјави.

ЦИВИЛ Медиа: На кој начин ја поддржувате или можете да ја поддржите слободата на изразување и медиумските слободи воопшто?

Ќулавкова: На кој начин? Па, скоро 35 години сум во оваа бранша и со транзицијата на општеството и јас како личност и како новинар се променив, бидејќи условите во коишто сите овие години работиме не ни дава толкава слобода да работиме, иако амбициозно почнавме со желбата да информираме онака како што е. Но, често пати наидувавме на камен на сопнување и репресии од луѓето коишто беа на власт, па така и од стопанствениците коишто не сакаа да се пишува, особено во времето кога се приватизираа фирмите, па тогаш бевме сведоци на најразлични корупции и криминални дејствија. Мислам дека во општествените информативни членства многу пообјективно можеше да се пишува, отколку во приватните. Бидејќи приватните медиуми се на некој начин зависни од капиталот во државата, во градот, и на тој начин стануваме малку поблаги. Значи јас од еден остар новинар станав еден комерцијален новинар, затоа што морав да ја продавам програмата за да можам да останам во браншата којашто ја сакам и да го работам тоа што го сакам. Тешко е да си новинар денеска, но се што се сака не е тешко, така што секогаш ќе се залагам за слобода на информирање. Тоа не значи дека можеш да го кажеш само со збор, можеш и со песна или преку некој напишан текст пак да им доловиш, на слушателите и конзуматорите што си сакала да кажеш.

ЦИВИЛ Медиа: Кои се вашите препораки во однос на борбата за слободни медиуми?

Ќулавкова: Моите препораки се медиумите да се остават на страна, најнапред од политиката. Бидејќи сите овие години наназад медиумите беа некои жигосувани, а некои фаворизирани. Треба да работат според својот кодекс и етика. Значи, новинарите да бидат навистина тоа што се. Меѓутоа мислам дека есапот ни го буни фејсбук како социјална мрежа, или порталите бидејќи не се никако регулирани. Мислам дека треба со закон да бидат регулирани и тогаш јавниот пишан збор ќе биде на санкции. Бидејќи сега секој е новинар, секој кажува мислење. Да, и тоа е слобода, но и слободата има граници. Дното го постигнавме време е да се дигнеме нагоре!

Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ермин Климента
Фотографија: Биљана Јордановска


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

Tags: Божана ЌулавковаМедиумислобода
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ