• Latest

Уметниците собраа над 5.000 евра хуманитарна помош за поплавените

August 14, 2016

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Уметниците собраа над 5.000 евра хуманитарна помош за поплавените

August 14, 2016 15:07
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Преку  5.000 евра е висината на донацијата за настраданите семејства, пари кои се собрани од хуманитарната продажна изложба во „Концепт 37“, арт кафулето што се наоѓа на ул. „Франклин Рузвелт“ 37 во Скопје, од вторникот до денеска. Поставката  ја сочинуваат: книги, уметнички дела работени во повеќе техники, рачно изработен накит, гардероба…, чии автори се преку 100 уметници, дизајнери, писатели ширум Македонија.

„Поставката во арт-кафето ‘Концепт 37’ ќе биде отворена денеска до полноќ, а од утре веќе ќе биде дислоцирана во друг изложбен простор. Интересот е голем, уметниците донираат, љубителите на уметноста, литературата купуваат, граѓан(к)ите ја покажуваат својата хуманост и солидарност со семејствата кои настрадаа во поплавените подрачја“, изјави Владимир Лукаш, еден од иницијаторите на оваа изложба.

14002480_10153674501606231_146700654_o

Конечни корисници на средствата ќе бидат неколку семејства кои претрпеле најголеми штети во поплавите во Скопје и околината.

„Се води детална евиденција за секоја донација и за остварената продажба. Граѓански активисти, организатори на изложбата ги пребројуваат донациите секоја вечер. Вечерва откако изложбата ќе биде затворена во ‘Концепт37’, ќе знаеме колку вкупно пари се собрани, а потоа ќе се одлучи на кои семејства ќе им бидат донирани парите. Сумите ќе ги уплатиме на трансакциски сметки на членови на најзагрозените семејства“, додава Лукаш.

14012262_10153674570581231_475631620_n

Организаторите на изложбата, неколкумина граѓански активисти, кои ги анимираа граѓаните, преку социјалните мрежи, на почетокот на оваа активност ги посетиле поплавените подрачја. Според нивни досегашни оценки, меѓу најзагрозените се едно семејство во скопската населба „Ченто“ и уште неколку други во селото Стајковци.

М.Т.

Tags: SkopjeМакедонијапоплаваХуманитарна ПоддршкаЦентар за СлободаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ