• Latest

УНХЦР: Присилно се раселени рекордни 65,6 милиони лица!

June 19, 2017

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

УНХЦР: Присилно се раселени рекордни 65,6 милиони лица!

June 19, 2017 15:00
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Обединетите нации објавија извештај за мигрантската ситуација во светот на крајот од минатата година, во којшто се наведува дека бројот на присилно раселените лица достигнал рекордни 65,6 милиони, пишува Anadolu Agency (AA). ОН и повеќе од 100 земји-членки, од 2001 година, го одбележуваат 20 Јуни како Светски ден на бегалците.

Во извештајот на УНХЦР „Глобални трендови за раселувањето“, се наведува дека кон крајот на минатата година, во светот имало 300.000 повеќе раселени лица, во однос на претходната година. Околу половина од раселените бегалци низ светот, се на возраст под 18 години, што е најголем број на деца-бегалци од Втората светска војна.

Меѓу 65,6 милиони присилно раселени во светот, 22,5 милиони лица се со статус на бегалци, 40,3 милиони се внатрешно раселени и 2,8 милиони се лица кои бараат азил.

Трета година по ред, Република Турција е земја којашто згрижува најголем број бегалци во светот. Германија е земја со најголем број примени поединечни барања за азил, а минатата година прими дури 722.400 такви барања. Следуваат САД со 262.000, Италија со 123.000 и Турција со 78.800 примени барања.

Втора земја според бројот на згрижени бегалци во светот е Пакистан, со 1,4 милиони бегалци, а потоа следува Либан со милион згрижени бегалци.

 

Од Сирија доаѓаат најголем број бегалци, 5,5 милиони, а следуваат Авганистан, од каде што доаѓаат 2,5 милиони бегалци и Јужен Судан со 1,4 милиони.

Сирија е земја со рекордна популација од 12 милиони присилно раселени лица, што е над 45 отсто од сириското население, меѓу кои 5,5 милиони се бегалци, 6,3 милиони се внатрешно раселени и 185.000 се баратели на азил. Од Колумбија присилно се раселени 7,7 милиони лица, а од Авганистан – 4,7 милиони лица.

Според последниот извештај на ОН, во текот на минатата година, статус на присилно раселени лица поради судир и други кризи стекнаа 10,3 милиони нови лица, што е во просек 20 нови раселени секоја минута!

Првиот бегалски тим се натпреваруваше на Олимпијадата во 2016 година во Рио. Тимот беше составен од спортисти од Етиопија, Јужен Судан, Демократска Република Конго и Сирија.

Tags: „Глобални трендови за раселувањето““Авганистанбаратели на азилбегалциизвештајПакистанраселени лицаСветски ден на бегалцитеСиријатурцијаУНХЦР
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ