Во својот последниот извештај УНЕСКО препорачува природното богатство на Охрид да биде ставено на листата на загрозено светско наследство. Ваквата реакција доаѓа по низата платформи на кафетериите што се навлезени во езерото, најавите за градење на Галичица, хотелот во Лагадин, кој се гради на самиот брег, но и градбите во целиот регион, кој е заштитено богатство. Од УНЕСКО испорачаа низа барања од државата, а меѓу првите е да се прогласи мораториум на секакви урбани трансофрмации на брегот на Охридското Езеро, но и на каква било урбанистичка трансформација.
Причина за тоа е недоволниот напредок до решавањето на проблемите во животната средина, земајќи ги предвид постојаните закани и нелегалните градежни проекти во градот и неговата околина. Во извештајот се препорачува да се процени влијанието на нелегалните градби во заштитеното подрачје и да се урнат оние што претставуваат опасност за природното и културно наследство.